Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ДИК: Забрането е појавување на гласачко место со маска со партиски симбол

0
By Нова ТВ on July 7, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Државната изборна комисија (ДИК) утре ќе организира симулација на безбедно гласање со примена на сите мерки и здравствени препораки на едно избирачко место на кое што ќе бидат поканети сите медиуми, домашни и странски меѓународни мисии, посебно ОБСЕ/ОДИХР, од Министерството за здравство, претставници на амбасадите и на политичките партии  Ќе биде опфатен целиот избирачкиот процес во реални услови.

„Почнувајќи од доаѓање на граѓани на избирачко место, чекање, влегување, дезинфекција, идентификација, се што е по закон, со посебно напоменување на сите здравствени мерки кои треба да ги почитуваат граѓаните, но и самите изборни органи и домашните и странските набљудувачи“, најави Борис Кондарко, член на ДИК.

На денешната седница на ДИК беше најавено, исто така, дека граѓаните ќе можат да гласаат на изборите на 15 јули со пасоши чија важноста истекла од 18 март наваму, за време на вонредната состојба, имајќи предвид дека тие ќе имаат важност до 31 јули. Кондарко информираше дека на гласање граѓаните нема да смеат да одат со маски на кои што ќе има амблеми на политички партии, бидејќи тоа ќе се третира како агитирање на избирачкото место што е забрането со закон.

На 13 и 14 јули, кога гласаат лицата со Ковид-19, во изолација, болни, немоќни и хронично болни, членови на ОИК и на ИО, ќе можат да бидат ослободени од работа доколку има потреба да бидат ангажирани и овие два дена.

Рокот за пријавување на гласање на лицата со Ковид-19 и во самоизолација или во карантин завршува утре на полноќ. Освен со полномошник, тие ќе можат да се пријават за гласање и преку апликацијата за пријавување за гласање на овие лица поставена на веб страната на ДИК https://izolacija.sec.mk/.

ДИК на денешната седница вршеше избор на нови членови на место на оние лица кои барале изземање од ОИК или од избирачките одбори.

До ДИК се пристигнати голем број на барања (80 оправдани и 20 неоправдани) за изземање од здравствени работници кои ќе бидат ангажирани на 13 јули за гласањето на лицата со Ковид-19 и во самоизолација. Во овие посебни избирачки одбори се избрани 300 здравствени работници.

Членот на ДИК, Елизабета Постолоска, како што рече, ги замолува здравствените работници на разбирање, додавајќи дека сите сме свесни дека се тие на удар и ангажирани во последните месеци поради пандемијата со Ковид-19.

„Ако продолжиме со ваков интензитет на изземање ние нема да можеме да формираме избирачки одбори“, рече Постолоска.

Државната изборна комисија на денешната седница го отфрли приговорот на Никола Димитров, носител на кандидатска листа во ИЕ 1 на СДСМ поднесен за попречување на изборна кампања за портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилкоски, со барање тој да биде парично казнет за тоа, како што предвидува законот и тоа меѓу 2.000 и 6.000 евра. ДИК, како што нагласи, Постолоска е ненадлежна за ова и упати Димитров приговорот да го поднесе до Основниот суд.

На 9 јули истекува рокот на за пријавување на набљудувачи на предвремените парламентарни избори. Барања за акредитирање на домашни и странски набљудувачи до ДИК пристигнуваат секојдневно. Денеска има уште три нови. ДИК досега акредитирала набљудувачи од Амбасадата на Унгарија (10), Асошиејтед Прес (2), од Здружението за Национален Ромски Центар (38), од Амбасадата на Австрија (3), од Ал Џезира (1), од Амбасадата на Швајцарија (3) и од Здружението „Анкциоз 2017 година“ (796) набљудувачи.

До денеска се акредитирани вкупно 1.183 домашни набљудували од кои 905 отпаѓаат на МОСТ и 278 на Цивил. Вкупната бројка на меѓународните набудувачи е 110, меѓу кои има и од ​​Канадската амбасада во Белград, од ОБСЕ/ОДИХР и од амбасадите на Франција, на Албанија, на Холандија и на САД.

гласање Дик Избори 2020 маска Партиски симболи седница
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.