Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Димиторов: Јазикот не е предмет на признавање од влади

0
By Нова ТВ on May 5, 2020 ПОЛИТИКА
Фото: dw.com/reuters
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Јазикот не е предмет на признавање од влади, рече шефот на дипломатијата Никола Димитров во вечерашното гостување во емисијата „Топ тема“ на ТВ Телма. Темата е се македонско-бугарските однос преку Договорот за пријателство и добрососедство, работата на мешовитата Комисија на двете земји и спорот околу ликот и делото на Гоце Делчев, (не)признавањето на македонскиот јазик од бугарска страна и евентуалното вето на источниот сосед за почеток на преговорите на земјава за членство во Европската Унија (ЕУ).

„Во Договорот за пријателсто и соработка е дефинирано „македонски јазик согласно уставoт“ исто како што е дефиниран „бугарски јазик согласно Уставот“. И тука сме еднакви. Сега ова барање излегува од рамката на Договорот. За идентитетските прашања не може да преговараме, особено по Преспанскиот договор по кој во личната карта на ООН стои македонски јазик. Јазикот не е предмет на признавање мегу држави. Не може да се негира тоа право и од тоа не може да отстапиме“, рече македонскиот министер за надворешни работи.

Според Димитров, како земја не можеме да се откажеме од две работи – идентитетот и меѓувладината конфереција за почеток на преговори со ЕУ.

„Меѓувладината конференција како цел е комплементарна. Незамисливо е процес на интеграција во ЕУ да отвара идентитетски предизвик. Во ЕУ има и други земји членки и Европска комисија која ги дефинира рамките на тие преговори кои не можат да излезат од рамките на принципите и европските вредности. Треба да најдеме начин како да градиме пријателство да дојдеме до разбирање дека не може да се допира светото како јазикот и идентитетот. Треба да најдеме начин како да градиме иднина, а не минатото да нè разделува“. истакна Димитров.

идентитет јазик Македонија македонско-бугарски односи Никола Димитров
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025
ФОКУС

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

ВЕСТИ November 17, 2025

Обвинителството во Милано ја проширува истрагата за т.н. „Сараево Сафари“ – наводната организирана шема во…

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025
ТИКЕР

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.