Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Димитров: Да не очекуваме деблокада во декември за да нема разочарување

0
By Sashko on December 2, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

За да не се разочараме, подобро да не очекуваме добар исход, но мора да продолжиме да работиме, вели вицепремиерот Никола Димитров за очекувањата и најавите во декември да се случи деблокада на пристапните преговори на Северна Македонија со ЕУ на состанок на Советот за општи работи на ЕК.

Одговорно е од нашата страна да упатиме апел до граѓаните дека е подобро да бидеме изненадени од добар исход, отколку пак да бидеме разочарани од лош исход. Со оглед на краткиот период до Советот за општи работи на 14 декември, тогаш мислам дека е крајно неодговорно да создаваме било какви очекувања. Не смееме да се врзуваме за датуми по целото искуство што го имаме.  Мислам дека сигналите од Софија упатуваат на некаков процес во билатералните односи кој, чекор по чекор, ќе помогне да се затвори прашањето. Кај нив очигледно уште парламентот ќе има улога, такви се најавите, рече Димитров во разговор за ТВ Клан Македонија.

Според Димитров, сега е важно да се одржи средба со новата влада во Софија, која ќе ги даде натамошните насоки за надминување на билатералниот спор.

„Многу е важно да има нешто и за нас и, пред сè, за народот, но и за сите други во регионот кои што гледаа надеж во овие решителни чекори што ги правевме во изминатите години за конечно да ги почнеме пристапните преговори со ЕУ. Тоа ќе зависи од оваа билатерална комуникација со Бугарија, но и од расположението на третите, кои имаат влог, кои се залагаат. Затоа што ова прашање стана европско, не е само билатерално прашање, бидејќи влијае на политиките на ЕУ кон регионот“, рече Димитров.

Деблокада ЕУ Македонија Никола Димитров преговори
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.