НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Димитров и Шекеринска: Подготвени за преговори, ЕУ нема аргументи против

0
By Нова ТВ on June 29, 2019 ПОЛИТИКА
Фото: nato.int
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Северна Македонија е апсолутно подготвена за почеток на преговори со Европската Унија во октомври и ЕУ нема аргументи против започнување на процесот. Ваква порака испратија шефот на дипломатијата Никола Димитров и министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

Димитров од Софија порача дека нема друга алтернатива освен европскиот пат и доколку земјава не добие датум за пристапни преговори, би се испратила лоша порака во целиот регион дека можеби не вреди да се инвестира политички капитал во европски компромиси и да се работи фокусирано на реформите.

„Фокусирани сме на октомври. Покажавме европски однос кон регионот, кон соседството, градиме мостови. Дома имаме неверојатен демократски пресврт во изминатите две години. Мислам дека сме апсолутно подготвени да го почнеме пристапниот процес“, рече Димитров во рамки на состанокот на Советот на министри за надворешни работи на земјите членки на Организацијата за црноморска економска соработка во бугарската престолнина.

Земјава, оцени Димитров, не е подготвена за членство, меѓутоа, како што рече, сакаме процесот да го користиме како алатка за вистинска европска демократија.

Во исто време, во интервју за европскиот портал „Еурактив“, министерката за одбрана Шекеринска, истакна дека одлагањето на одлуката за почеток на преговори со Северна Македонија не е „најдобрата политика“ и дека министрите на ЕУ едногласно се согласиле дека нема аргументи против започнувањето на процесот.

„ЕУ министрите одлучија да се навратат на прашањето за неколку месеци. Она што беше едногласно изразено е дека нема реален аргумент за одбивање почеток на пристапни преговори со Северна Македонија“, одговари Шекеринска на прашањето за разочарувањето од одлагањето на датумот за преговори.

Според неа, одлуката за одлагање на датумот „не е најдобрата политика“ со оглед на напорите вложени од македонска страна.

„Минатата година, списокот на очекувања од ЕУ беше доста долг и можеби многумина мислеа дека нема да бидеме способни да испорачаме во толку кус временски рок, имајќи ја на ум тешката политичка агенда, бидејќи сите домашни реформи требаше да одат паралелно со преговорите со Грција, референдумот и уставните измени. Но, успеавме да испорачаме и затоа дури и најкритичните проценувачи на нашиот напредок мораа да се согласат дека го направивме нашето, за жал сега се доцни во испорачувањето од страна на ЕУ“, објаснува Шекеринска за „Еурактив“.

Според неа, трите месеци одлагање нема да ги сменат работите и Северна Македонија ќе продолжи да испорачува, но во прашање е кредибилитетот на ЕУ како глобален и регионален актер.

На прашањето дали за Северна Македонија ќе беше подобро да се издвои од Албанија, Шекеринска не одговари директно, но потсети дека земјата е кандидат за членство од 2005 година.

ЕУ преговори ПРОЦЕС Северна Македонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.