Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Димитров на панел за Западен Балкан во Давос: Крајно време е за чекор напред

0
By Нова ТВ on January 21, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, January 21, 2020 13:17

Крајно време е Северна Македонија да направи чекор напред на својот европски пат – отворање на заслужените пристапни преговори со ЕУ, порача денеска шефот на македонската дипломатија Никола Димитров од Давос каде учествуваше на панелот дискусијата на тема „Дипломатски дијалог за Западен Балкан“ што се одржа во рамки на Светскиот економски форум.

„Донесувањето на долгоочекуваната одлука за време на хрватското претседавање пред Самитот во Загреб е во интерес не само за земјата и регионот, туку и за самата ЕУ и кредибилитетот на европската перспектива“, рече министерот за надворешни работи, кој настапи на панелот посветен на „Стратегиски дијалог за земјите на Западен Балкан“, како една од главните иницијативи на агендата на овогодишниот форум.

Димитров истакна дека во меѓувреме е добредојдена секоја идеја што ќе придонесе за побрз почеток на преговорите на Северна Македонија со ЕУ и која ќе ги направи преговорите поефикасни, построги и пофер, посуштински и покредибилни.

На годинешниот Форум, кој почна денеска, а завршува в петок се очекуваат вкупно 3.000 бизнисмени, политичари и други функционери од 118 земји. Со панелот модерираше Борге Бренде, претседател на Светскиот економски форум, а ко-претседавач беше Мирослав Лајчак од Министерството за надворешни работи на Словачка. Меѓу учесниците, во својство на специјални гости поканети беа Бојко Борисов, премиер на Бугарија, Сума Чакрабати, претседател на Европската банка за реконструкција и развој, Кристалина Георгиева, управен директор на ММФ, Андреј Пленковиќ, премиер на Хрватска, Марјан Шарец, премиер на Словенија, Александар Вучиќ, претседател на Србија и Хашим Тачи, претседател на Косово.

Меѓу останатите учесници беа и Томас Гремингер, генерален секретар на ОБСЕ, Ан Линде, министерка за надворешни работи на Шведска, Мевљут Чавушоглу, шеф на турската дипломатија, како и голем број извршни директори на познати светски и водечки компании. Панелот за Западен Балкан се одвиваше во два дела, едниот посветен на последните политички случувања во земјите од регионот и очекувањата за 2020 година и вториот дел со фокус на потикнување на економскиот раст во земјите од регионот.

На маргините на Форумот, Димитров имаше куси средби со премиерите на Република Бугарија и Република Хрватска.

На средбата со бугарскиот премиер Бојко Борисов се разговараше за Договорот за пријателство, добрососедство и соработка во контекст на градењето пријателство врз основа на заемно разбирање и почит кон грижите на соседот. Притоа уште еднаш беше потврдена поддршката на Бугарија за почеток на пристапните преговори на Македонија со ЕУ.

Во разговорот со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, министерот Димитров се заблагодари нему лично, но и на Хрватска во својство на земја претседавач со Советот на ЕУ, за активната поддршка за евроинтегративниот процес на Северна Македонија, држејќи го нашето прашање високо на агендата на ЕУ.

На веб-страницата на Форумот се наведува и дека има неколку клучни области на агендата на годинашниот штотуку започнат состанок: „Како да се спаси планетата“, „Општеството и иднината на работата“, „Технологија за благосостојба“, „Поправедна економија“, „Подобро деловно работење“, „Здрава иднина“ и „Повеќе од геополитика“.

Пред две години, Светскиот економски форум го вметна Западен Балкан како еден од неговите региони на активност. Оттогаш, дијалози на лидерите на Западен Балкан се одржуваат редовно. Оваа година ќе се одржи Стратешки дијалог за Западен Балкан, со учество на сите регионални лидери. Претходната средба се одржа во ноември во Женева. Планирано е формирање на Центарот за четврта индустриска револуција.

Давос Никола Димитров Панел дискусија Светски економски форум
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
ФОКУС
January 26, 2026

Историски највисока цена на златото – достигна над 5.000 долари за унца

ВЕСТИ January 26, 2026

Цената на златото денес за прв пат во историјата надмина 5.000 долари за унца, продолжувајќи…

Минеаполис: Растат тензиите откако Федерални агенти убија уште едно лице

January 25, 2026

Казните од Сејф Сити – од 20 до 400 евра

January 25, 2026

31-ви конгрес на СДСМ: Жестоки критики од Филипче за власта – Ја сведовте државата на последната дупка на Балканот – Европа не отпиша, Америка не нè запишува

January 24, 2026
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.