Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Димитров од Солун: Испитувавме опции за двете останати потешки прашања

1
By Нова ТВ on May 4, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Разлики има, но преговорите не се во ќорсокак, изјави денеска министерот за надворешни работи Никола Димитров по денешната средба со грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас во Солун.

-Знам дека очекувањата се големи, средбите се чести,  почнавме речиси секоја недела да се среќаваме. Но исто така како што знаете и роковите се многу кратки, а влогот е голем. Истражувавме опции, за двете потешки прашања што останаата. Имавме многу корисна средба и вчера и денеска. Целта е да најдеме едно чесно, одржливо решение кое двете страни ќе го прифатат, главно, решение што ќе продуцира пријателство, а не фрустрации . Мислам дека само такво решение може да е одржливо и трајно, изјави Димитров.

На прашањето, дали по изјавата на Косијас, кој на прашањето, дали е направен пробив, одговори со:  „Ако беше така, сега ќе славевме“, Димитров рече дека разлики се уште има, но дека не би го употребил зборот „ќорскокак“ за тоа до каде се сега преговорите.

-Ова што вчера и денеска го направивме е испитувавме комбинации што едната и другата страна би можела да го прифати и тоа е нашата задача. Треба за овие елементи да разговараме и дома и да видиме дали може поплодно да ја искористиме слдната средба. Прашањето е коплексно, а влогот е голем, рече Димитров.

Тој рече дека не е тајна дека преостанатите прашања се промената на Уставот и за опсегот на употребата на новото име, на што инистира Грција

Говорејќи за самата правна процедура во ОН што би следела доколку се постигне договор, Димитров рече дека, според она што го знаат од правниците во ООН е дека „ ако успееме да најдеме решение, најверојатно ќе биде доволно, изешташтај врз основа на извештајот на посредникот кој е личен претставник на Генералниот секретар на ОН, со кој тој ќе го информира Советот за безбедност дека двете страни сметаат дека успеале да ја надминат разликата и со тоа правно ќе се затвори прцесот во ОН“.

Димитров најави дека следната среба со Коѕијас ќе биде следната недела на 12 мај на меѓународна конференција што ќе се одржи во местото Сунио, во близина на Атина, по што ќе имаат средба и  со медијаторот Метју Нимиц.

Средбата во Солун е на маргините на министерска средба во чиј фокус се можностите за зајакнување на меѓусебната соработка, на која освен Димитров и Коѕијас, учествуваат и министрите за надворешни работи на Бугарија Екатерина Захариева и на Албанија Дитмир Бушати.

Димитров Коѕијас Преговори за името Солун
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.