Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Димитров оптимист дека ќе се прибилижат разликите за името со Грција

0
By Нова ТВ on January 13, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Предлог немаше воопшто на масата. Одлучивме да го охрaбриме медијаторот Метју Нимиц што е можно побрзо, можеби уште сега идната среда, да излезе со една првична рамка што ќе даде надеж за суштински напредок. Најавивме спремност како министри да се вклучиме во тој процес, вели министерот за надворешни работи Никола Димитров во интервју за емисијата „Клик плус“ на ТВ 21.

– Факт е дека меѓу нас има уште разлики и ќе видиме дали ќе биде можно тие разлики да ги надминеме. Многу е важно за Грција да има појасна дистинкција меѓу државата Македонија и регионот Македонија во Грција. За нас е многу важно да нема никаков сомнеж во идентитетските прашања и многу е важно да најдеме достоинствен начин – вели Димитров.

Тој вели дека Уставното име на важни конференции ние го немаме зашто сме претставени како ФИРОМ. Димитров смета дека површните фрази од типот „Го браниме името“ не соодветствуваат со реалноста.

– Предлогот на Нимиц нема да биде земи или остави, туку предмет на консултации за да видиме дали можеме да изградиме заеднички став. Ова е еден товар што заеднички мора да го носиме. Прашањето за идентитетот создава една несигурност – што сме ние од утре. Ако тоа го доведеме во прашање тогаш нема да ја надминеме оваа рамка. Прашањето како ние се чувствуваме и нашиот идентитет не смеат да бидат предмет на амин на една соседна држава ниту на една меѓународна организација. Јас сум убеден дека тоа ќе успееме да го покриеме, но тоа не е доволно. Дистинкцијата на нашата држава Македонија и нивниот регион Македонија мора да се направи на начин што ќе биде достоинствен и што ќе биде прифатлив и за нас. Третото прашање е каде таа дистинкција ќе се применува и тн. и тие две прашања се врзани. Ќе треба доверба и со чист образ да излеземе во јавноста и да го браниме и наша заедничка одлука како граѓани – вели Димитров во интервјуто за ТВ 21.

https://www.facebook.com/tv21hd/videos/1157146074415595/

Грција Македонија Метју Нимиц Никола Димитров спор за името
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.