Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Димитров во Комитетот на ЕП: Не бараме награди, само валоризација

0
By Нова ТВ on August 29, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Политичарите можат да направат цела кариера и да живеат од нерешен спор, а можат и да се вложат и да го решат, заштитувајќи го најважното за двете страни, за граѓаните на нивните држави да живеат подобро, истакна шефот на македонската дипломатија Никола Димитров пред членовите на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент, елаборирајќи за актуелностите во Македонија во пресрет на референдумот.

Димитров се осврна на текот на имплементација на клучните реформи во земјата и подготовките за скрининг процесот со Европската комисија. Притоа ја нагласи ефективноста на преговорачкиот процес во реформските придвижувања и важноста на препознавањето на исклучителните исчекори на Република Македонија, особено имајќи го предвид регионалниот и геополитички контекст.

– Не бараме скратени патишта или незаслужени награди. Но, би сакале успешните приказни и шанси да бидат соодветно валоризирани и искористени, особено во време кога на регионот, но и пошироко му требаат такви примери, истакна Димитров во обраќањето пред членовите на Комитетот за надворешни работи во ЕП, на чија агенда е и првото читање на предлог резолуцијата на ЕП за Република Македонија.

МНР соопшти дека за време на дискусијата, европратениците изразија поддршка и честитки за извонредниот дипломатски успех – решавањето на деценискиот спор со Грција. Министерот Димитров изрази благодарност за поддршката и конструктивниот пристап на Европскиот парламент во процесот на пристапување на Република Македонија во Европската Унија, рефлектирана меѓу другото и преку Жан Моне процесот на соработка со Собранието на РМ, како и во резолуциите за Република Македонија.

Димитров во Брисел имаше средби и со евро-пратениците Удо Булман (Претседавач на групата на социјалисти и демократи во ЕП), Андреј Ковачев (потпретседавач на групата ЕПП), Иво Вајгл (известител за РМ во ЕП, член на групата на Европски либерали и демократи), со Јоханес ван Бален (претседател на Групата на пријатели на РМ во ЕП, АЛДЕ), како и со Дејвид МекАлистер (претседавач на АФЕТ, член на ЕПП). Од страна на соговорниците е изразена силна поддршка за правецот на движење на Република Македонија и надеж дека нашата земја конечно ќе се најде целосно во семејството на ЕУ.

Во текот на денот, шефот на македонската дипломагтија треба да се сретне и со Фабио Масимо Касталдо (потпретседател на ЕП, член на групата за слобода и директна демократија), Туне Келам (ЕПП), Тамаш Месерич (групата на Зелените), Софија Сакорафа (групата Европска обединета левица), Тања Фајон (групата на социјалисти и демократи), Кнут Флекенштајн (групата на социјалисти и демократи во ЕП), Чарлс Тенок (група на Европски конзервативци и реформатори), соопшти МНР.

Димитров ЕП ЕУ преговори
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.