Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Димитров за „Ле Монд“: Ќе покажеме дека на Балканот се можни чуда

0
By Нова ТВ on December 14, 2018 ПОЛИТИКА
Фото: МИА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, December 14, 2018 12:23

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, во интервју за париски „Ле Монд“ го брани договорот потпишан со Грција за името на земјата, чија ратификација се покажува деликатна во Скопје, пренесува МИА.

Новинарот на париски „Ле Монд“ Марк Семо, на почетокот ги потсетува читателите за историјатот на проблемот со името, се до потпишувањето на договорот од Преспа во јуни  година, со кој конечно може да се реши овој проблем. Сепак, ништо однапред не е добиено, смета „Ле Монд“, бидејќи референдумот од 30 септември на кој  91 отсто од излезените гласачи одговорија со “да” во прилог на компромисот, но поради недостиг на доволно учество на гласачите работите се усложнија, забележува весникот. Парламентарниот пат подразбира квалификувано мнозинство од две третини, што не е достапно за актуелната централно-левичарска коалиција на власт, додека десничарската националистичка опозиција е „разбеснета“.

Димитров ги објаснува клучните влогови за стабилноста на Балканот, и се осврнува на ратификацијата на договорот од Преспа.

-Добивањето на двотретинско мнозинство е секогаш тешко во политиката, но предизвикот овој пат е од толку голема важност што ќе покажеме дека на Балканот се можни чуда. Ни недостигаат само 10 гласови. Ние сакаме да го финализираме гласањето во јануари, за да потоа договорот го одобри грчкиот парламент пред да започне кампањата за европските избори. Противењето на грчката националистичка десница на овој компромис е исто така силно како и она на македонската националистичка десница, вели Димитров.

Запрашан како го објаснува масовното апстинирање на гласачите на референдумот, дури и кога договорот за името, конечно, ја отвори можноста за пристапување во ЕУ и НАТО, Димитров вели дека тоа се должи на изборните листи кои не ја одразуваат реалноста.

-Изборните листи повеќе не се совпаѓаат со реалноста, бидејќи голем број кои се регистрани сега живеат во странство. При последните парламентарни избори во декември 2016 година, само 1,2 милиони од околу 1,8 милиони регистрирани гласачи излегоа на гласање. На референдумот имаше 660.000 од кои 610.000 гласаа „за“. Кворумот не е постигнат, но политичкото значење на гласањето е јасно. Договорот беше легитимиран и покрај интензивната кампања за бојкот на опозицијата. Прашањето за името е навистина многу чувствително, бидејќи го допира самиот идентитет на нацијата. Конечно, не смееме да заборавиме дека референдумот е секаде тежок инструмент, бидејќи гласачите не мора секогаш да гласаат за поставеното прашање, посочува Димитров.

Околу неподготвеноста на многу европски метрополи, вклучувајќи го и Париз, за проширување на ЕУ кон Балканот дали тоа доведе до разочарување кај Македонците, шефот на македонската дипломатија вели дека влезот во ЕУ треба да се заслужи преку спроведување на реформите.

-Според анкетите за јавното мислење, 86 отсто од Македонците се за пристапување во Европската Унија. Балканот е како остров опкружен со земји-членки. Нема да има стабилност во југоисточна Европа ако балканските земји на крајот не пристапат во Унијата. Знаеме дека не постои скратен пат за пристапување во ЕУ. Тоа треба да се заслужи. Мораме да ги спроведеме потребните реформи, да го гарантираме балансот на моќта и владеењето на правото, независноста на судството, борбата против корупцијата и слободни медиуми. Процесот е исто толку важен како и самата цел. Во регионот имаме премногу силни лидери кои имаат премногу моќ во своите раце. Сега станува збор за градење силни институции, посочува Димитров.

На прашањето на „Ле Монд“ во однос на давањето азил од страна на Унгарија на поранешниот македонски премиер националистот Никола Груевски, кој е во бегство откако ја доби пресудата за корупција, Димитров вели дека Македонија ги користи сите правни постапки за да обезбеди негова екстрадиција.

-Со Будимпешта имаме многу заеднички интереси и иста желба за европски Балкан. Поранешниот премиер ја избегна правдата и најде прибежиште во Унгарија. Ние ги користиме сите правни постапки за да ја добиеме неговата екстрадиција, истакнува шефот на македонската дипломатија.

„Ле Монд“, се интересира и за стабилизацијата на Балканот, односно за договорот за признавање помеѓу Србија и Косово, кој може да се постигне и преку територијални размени, односно, дали ова е опасен преседан, Димитров нагласува дека за тоа постојат два става.

„Решението помеѓу Белград и Приштина е од суштинско значење. Но, постојат два спротивни става како да се стигне до тоа. Едниот е заснован на реформи и интеграција на вредностите на Унијата, каде што границите стануваат се помалку и помалку важни, како што е меѓу Франција и Белгија, или помеѓу Франција и Германија. Другата визија се фокусира на територијални прашања. Во вака измешан регион, важно е да се избегне цртање на нови граници врз етнички основи, вели министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Димитров Договорот интервју Ле Монд
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 16, 2026

„Вака се казнуваат и се замолчуваат вработените во правосудството“ — остри критики за предлог-законите за судска и обвинителска служба

ВЕСТИ June 16, 2026

Или да се повлече целиот Предлог-закон или излегуваме на генерален штрајк, се слушнаа најави на…

Техеран: Го отворивме Ормундскиот премин – минаа првите бродови

June 16, 2026

Институт Ројтерс: За прв пат социјалните мрежи прераснаа во доминантниот извор на вести во светот

June 16, 2026

Ваташа: “Стрелајте кучиња, но нашата идеја нема да умре!” – 83 години од Ваташкиот масакар

June 16, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.