Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ во изјава за Алсат М, вели ставот на партијата е многу променет по последните случувања во однос на насилствата од 27.април во Собранието и приведувањето на шест пратеници од опозицијата како и организаторите на протестот „За заедничка Македонија“.
После ова, според Димобски, опозициската ВМРО-ДПМНЕ го сменила ставот за поддршката за предвидените реформи во владиниот план 3-6-9.
„СДСМ покажа дека нема потреба за опозиција во Собранието. Од сега па натаму се е можно. Нашиот став многу е променет поради политичкиот реваншизам“, изјавил Димовски.
ВМРО-ДПМНЕ како и претходните четири дена, за денеска закажа марш од Министерството за правда до Владата, како знак на револт против притворените.