Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Динамо од Загреб не сака да учествува во регионалната лига на екс СФРЈ

0
By Нова ТВ on December 13, 2016 СПОРТ
Илустрација: Индекс.хр
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Иницијаторот на проектот за регионална лига, Васко Дојчиновски, тврди дека УЕФА дала зелено светло за регионална лига на шест земји од поранешна Југославија, но од хрватските клубови и Хрватскиот фудбалски сојуз (ХНС) стигнуваат информации дека не се заинтересирани за такво нешто, односно, дека немаат никакви конкретни информации. Ова денеска го јавуваат медиумите во Хрватска.

Регионалната фудбалска лига треба да почне во 2018 година, договорено е на низа состаноци на претседателите на фудбалските сојузи на земјите од поранешна Југославија.

Идејата е во лигата да учествуваат 24 клуба од Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора и Македонија и дека пред нокаут фазата, ќе се игра во групна фаза од по четири клуба во секоја група. УЕФА веќе обезбеди таква лига.

Иако од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) кој го креираше планот за таква лига, тврдат дека се заинтересирани другите сојузи и клубови, од Динамо Загреб порачуваат дека во таква лига не сакаат да учествуваат.

„Можеме само начелно да кажеме дека на Динамо му е приоритет хрватската луга и дека нас оваа регионална лига, особено во оваа форма која се спомнува во медиумите, со клубови исклучиво од подрачјето на поранешната држава, едноставно не не интересира“, изјавија денеска од Динамо за хрватскиот портал „Индекс“, додека во Хајдук уште не сакаат да коментираат за играње во таква лига, затоа што досега никаков проект не им е презентиран.

„За било што во таа насока, Хајдук може да зборува кога ќе добие службени информации. До овој момент се што знаеме, е тоа што го читаме во медиумите. Ни на едно ниво од клубот, никој со нас не контактирал за нешто поврзано со регионални натпревари, нити за нас нè извести хрватската национална лига,“, велат од Хајдук.

Од Риека, моментниот лидер во првата хрватска лига, за „Индекс“ изјавиле дека денеска ќе се изјаснат за своето учество во лигата.

Од ХНС велат дека ќе се прилагодат на советите од УЕФА, но како што пренесуваат хрватските медиуми, „Македонците тврдат дека сите сојузи, вклучувајќи го и ХНС, веќе се согласиле за почеток на регионална лига“.

Динамо Загреб Поранешна Југославија Регионална фудбалска лига Хајдук
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.