Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дипломатски извори за МИА: Се уште нема одлука за старт на преговорите

1
By Нова ТВ on June 26, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, June 26, 2018 13:14

Франција и Холандија продолжуваат да се противат за старт на преговори во овој момент со Македонија. Париз и Амстердам, во страв дека каков било почеток на преговори со нови земји кандидати би имало негативен ефект врз нивната домашна јавност, би сакале стартот на преговори со Скопје и Тирана да се одложи до после европските избори на пролет 2019, велат за МИА дипломатски извори во Советот на ЕУ.

Но, и Франција и Холандија се свесни дека по Договорот за името со Грција мора нешто да и се пружи на Македонија, особено со оглед на претстојниот референдум. Притоа, другите земји членки, и посебно Германија, инсистираат дека француско-холандската опција не е добра.

Министрите во овој момент одржуваат неформални дискусии во Луксембург, брифираат дипломатски извори.

Утрово состанокот започнал со проширувањето, секоја земја го изложила својот став.

Пред почетокот на состанокот, неколку министри ги најавија своите стартни позиции. Холандскиот министер за надворешни работи, Стеф Блок, изјави дека за неговата е земја е важно да види доказ дека реформите се имплементираат на одржлив начин и дека за тоа е потребно време.

Германскиот министер за Европа, Мајкл Рот, порача дека се надева дека ќе успее да ги убеди Франција и Холандија да не блокираат старт на преговори со Македонија и Албанија. Додека пак луксембуршкиот министер за надворешни, Жан Аселборн изјави дека неотворање преговори со Македонија би била „политичка грешка“.

Темата длабоко ги поларизира земјите членки на оние кои се за и оние кои се против. Иако вторите се малубројни потребен е консензус за поечток на преговори. Не е исклучено да не се постигне договор денеска и темата да им биде препратена на шефовите на држави и влади на ЕУ во четврток, тие да ја донесат конечната одлука.

Повеќе опции се на маса за да се изнајде компромис со Франција, како на пример да се даде зелено светло за да започне набрзо процесот на скрининг, а датумот за преговори да биде определен подоцна

датум датум старт на преговори Договор со Грција ЕУ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.