Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Див запад“ на пазарот на тестови за антитела за коронавирус

0
By Нова ТВ on April 18, 2020 ВЕСТИ
Фото: kget.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Тестовите за антитела, кои деновиве беа актуелни и во Македонија, се покажуваат како меч со две острици. И легитимни компании и лажни оператори ги продаваат тестовите. Разграничувањето меѓу нив може да биде предизвик.

Тестовите за крв за коронавирусот играат клучна улога во одлуката дали милиони Американци можат безбедно да се вратат на работа или училиште. Но, здравствените власти предупредуваат дека актуелниот „див запад“ со нерегулирани тестови создава конфузија која може да го забави патот кон опоравување.

Повеќе од 70 компании се пријавени за продажба на т.н. тестови за антитела последните недели, велат регулаторите во САД. Владите низ светот се надеваат дека брзите тестови, кои вообичаено користат само капки крв од прст, би можеле наскоро да помогнат да се подигнат ограничувањата преку идентификување на лицата кои го прележале вирусот и развиле имунитет.

Меѓутоа остануваат неодговорени клучни прашања: Колку се прецизни тестовите, колкава заштита е потребна и колку долго ќе трае таа заштита.

Едноставна технологија

Тестовите за крв се различни од оние со кои се земаат брисеви од нос и уста со кои се дијагностицира ковид-19. Првите трагаат по крвни протеини наречени антитела кои телото ги произведува во деновите и неделите откако ќе се избори со инфекцијата. Истиот пристап се користи и за ХИВ/СИДА, хепатитис, лупус и многу други болести.

Поради релативната едноставност на технологијата, американските власти одлучија да се откажат од првичниот преглед на тестовите како дел од итниот план за справување со коронавирусот. Во моментот, тестовите се најпогодни за истражувања на начините на кои вирусот се шири меѓу населението.

Без контрола врз тестовите, „во моментов таму е див запад“, вели Ерик Бланк од Здружението на јавни здравствени лаборатории. „Тоа создаде хаос за кој ќе треба време да се расчисти. Во меѓувреме, имаме многу компании кои рекламираат разни нешта и никој нема поим колку е тоа добро“, вели тој.

Минатата недела, комесарот на Агенцијата за храна и лекови, Стивен Хан предупреди дека ќе се преземат мерки доколку производителите даваат лажни тврдења или продаваат неточни тестови. Во меѓувреме, во интервју за „Ен-Би-Си“, Хан изрази загриженост дека тестовите кои се продаваат „можеби не се прецизни колку што би сакале“.

Лажна имуност

Опасноста од погрешни тестови, според Алисон Рејкман од њујоршката здравствена лабораторија, е што луѓето можат погрешно да заклучат дека се имуни и дека веќе не ја пренесуваат болеста.

За бројни инфекции, нивото на антителата над одредена граница покажува дека имунолошкиот систем на лицето успешно се изборил со вирусот и веројатно е заштитено од нова инфекција. За ковид-19 сè уште е нејасно кое ниво на антитела е потребно за еден пациент да се смета за имун, ниту колку долго ќе трае тој имунитет.

Особено проблематично е што и легитимни компании и лажни оператори ги продаваат тестовите. Разграничувањето меѓу нив може да биде предизвик. Властите во градот Ларедо во Тексас минатиот месец добиле 2.500 тестови кои биле лажни. Кога била проверена прецизноста на тестовите се дошло до заклучок дека се далеку од она што било ветувано.

Антитела Коронавирус САД тестови
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.