Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дивата сеча ја соголува Јакупица

0
By Нова ТВ on April 17, 2018 КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

ДОМ предупредува дека планинскиот масив Јакупица е изложен на систематско опустошување од сечење на шумите.

Пратеничката Лилјана Поповска, Мирослав Богдановски, Ервин Реџепагиќ и Дарко Кржовски од ДОМ беа на увид на падините на Јакупица во општина Чашка, на барање на планинари и екологисти од Велес, кои се загрижени поради уништување на животната средина.

-Веќе со години се сече и државна и приватна шума до голосек, не водејќи сметка за обновување. Животната средина е сериозно загрозена и со фрлањето отпад во реките, особено во реката Тополка, која се влева во хидросистемот Лисиче, од кој се снабдува со вода Велес, се вели во партиското соопштение. 

Претставниците на ДОМ се сретнале и со градоначалникот на оштина Чашка, Горан Стојановски, со кого се разговарале за начинот за надминување на проблемите. Заеднички било заклучено дека најефикасно и одржливо решение е прогласување на Јакупица за национален парк, со што би се обезбедила трајна заштита на животната средина и услови за развој на рурален и еко-туризам.

ДОМ, заедно со НВО Вила Зора, има поднесено иницијатива за прогласување национален парк Јакупица до Министерството за животна средина пред повеќе години, на што доби и начелна поддршка, но не и конечно решение. Оваа иницијатива ќе биде обновена, очекувајќи повеќе разбирање овојпат.

дива сеча ДОМ Јакупица
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Уапсен мажот што пукаше во „Ќациленд“ – за Вучиќ тоа е терористички чин

October 22, 2025

Трамп добитник на наградата „Архитект на мирот“

October 22, 2025

Пред пожарот во шаторите пред Собранието на Србија се регистрани истрели, реагираше полицијата и приведе едно лице

October 22, 2025

Масовно затворање продавници низ Србија поради маржите воведени од Вучиќ

October 21, 2025

Уништен мурал на Ѓоковиќ

October 21, 2025
ФОКУС

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

ВЕСТИ October 23, 2025

Градоначалничката Данела Арсовска во објава на социјалните мрежи утрово пишува дека одговорноста за состојбата во…

Трамп ја откажа средбата со Путин: Едноставно не ми се чинеше исправно  

October 23, 2025

23 октомври – Ден на македонската револуционерна борба

October 23, 2025

ЕП усвои резолуција за Србија – оценките за состојбата во земјата неповолни

October 22, 2025
ТИКЕР

Уапсен мажот што пукаше во „Ќациленд“ – за Вучиќ тоа е терористички чин

October 22, 2025

Трамп добитник на наградата „Архитект на мирот“

October 22, 2025

Пред пожарот во шаторите пред Собранието на Србија се регистрани истрели, реагираше полицијата и приведе едно лице

October 22, 2025

Масовно затворање продавници низ Србија поради маржите воведени од Вучиќ

October 21, 2025

Уништен мурал на Ѓоковиќ

October 21, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.