Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ДКСК: Наводите за номинирање на Дескоска во Венецијанската комисија се неосновани

0
By Нова ТВ on February 14, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) ги оцени како неосновани наводите во претставката од политичка партија и по допрен глас од медиумите за постоење или непостоење судир на интереси на министерката за правда, Рената Дескоска како претставник на Венецијанската комисија. Во претставката од политичката партија, како што наведе претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска на денешната седница, стои дека во членот 2 од статуот на Венецијанската комисија се потенцира оти членовите треба да бидат независни, експерти, како и забрана да примаат било какви инструкции однадвор мислејќи на државите од кои се именувани.

„Тие сметаат дека со именувањето на Дескоска за член на Венецијанската комисија се прави нелогично решение кое продуцира состојба на судир на интереси од повисок аспект. Понатаму велат дека како министер за правда, спроведувајќи ја владината политичка агенда, таа непосредно е предлагач на законски решенија, за некои од законските решенија се иницирани или ќе се иницираат постапки пред Венецијанската комисија што значи дека таа истовремено е политички претставник кој предлага законски решенија, но и независен експерт кој треба да ги оценува независно и непристрасно таквите решенија. Тоа се наодите на подносителот на претставката“, дополни Ивановска.

За таа цел ДКСК до Владата проследиле барање за доставување на податоци и информации и потребна документација, во врска со процедурата и начинот за номинирање на претставник на РСМ во Венецијанската комисија при Советот на Европа, комплетна документација за номинирање, записник и стенограм од одржаната седница на Владата на РСМ каде е одлучувано за наведената номинација и кои се надлежностите на претставникот на РСМ во Венецијанската комисија при Советот на Европа.

„Правилата на Венецијанската комисија содржани во Статутот на комисијата, како основачки акт, не пропишуваат кој орган на државите членки треба да го номинира членот на соодветната држава ниту постапка на номинирање, поради што за ова се применуваат општите правила на меѓународното јавно право за меѓународни организации, кои пак дозволуваат Владите на државите членки да одлучат како ќе го определат членот што ќе биде номиниран. Значи оставено е Владите да одлучат“, појасни претседателката на ДКСК.

Оттука, дополни таа, во досегашната практика различно се постапувало.

„Првата постапка во која Владата номинира член на Венецијанската комисија е во 2016 година кога на 135-та седница одржана на 5 јануари во 2016 година е избрана Тања Каракамишева Јовановска. Претходните номинации ги вршела Мисијата на Советот на Европа по претходен допис од Министерството за надворешни работи“, вели Ивановска.

Таа појасни дека на 172-та седница одржана на 24 декември во 2019 година, претседателот на Владата, Зоран Заев предложил номинација на претставник во Венецијанската комисија. Од Записникот и стенографските белешки, ДКСК утврдила дека министерката за правда не била вклучена ниту во предлагањето ниту во одлучувањето по предлогот.

„Според правилата на Венецијанската комисија, како независно советодавно тело на Советот на Европа, Комисијата е составена од независни експерти кои се истакнале со своето искуство во демократските институции или преку својот придонес во унапредување на правото и политичките науки. Од досегашната пракса за членови на истата, најчесто се бирани независни експерти, професори по право, судии на Уставен на суд или Врховен суд, а некои земји номинираат пратеници или министри“, вели Ивановска.

Таа додава дека во членот 3-а од Деловникот на Венецијанската комисија стои дека членот постапува на независен, непристрасен и објективен начин и се должни да го известат претседателот преку Секретаријатот за секој потенцијален судир на интерес, т.е. за било какви околности кои можат да влијаат на нивното непристрасно и објективно размислување.

„Она што е најважно, според правилата на Советот на Европа и Венецијанската комисија, членовите не ја претставуваат ниту земјата, ниту институцијата во која работат, туку делуваат исклучиво во свое име, а согласно правилата за спречување судир на интереси, не учествуваат во расправата и одлучувањето за прашања кои се однесуваат на државата од која се номинирани“, заклучи претседателката на ДКСК.

Билјана Ивановска Венецијанска Комисија ДКСК номинација претставка Рената Дескоска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.