Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ДКСК поднесе прекршочен налог против директор на затвор кој си го вработил и синот

0
By Sashko on November 17, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) на денешната 55-та седница донесе одлука за поднесување на прекршочен платен налог против поранешен директор на затвор, кој за време на мандатот го вработил својот син во истиот затвор.

Против директорот, кој во февруари оваа година бил разрешен од функцијата, претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска рече дека ќе биде поднесен и прекршочен платен налог и за непријавување на блиско лице и поради тоа што нема поднесено анкетен лист, по престанок на функцијата.

Ивановска, реферирајќи за случајот, рече дека директорот донел одлука за објавување на оглас за три работни места, по што била формирана комисија за селекција при спроведување на постапката за вработување и бил изработен записник.

За работното место советник за водење постапки за јавни набавки пријавен е само еден кандидат и тоа синот на директорот. Донесена е одлука да се изврши избор од директорот и договорот за вработување е потпишан од негова страна, изјави Ивановска.

За истиот директор, посочи Ивановска, има и пријави кои се однесуваат на објавен оглас за тројца извршители – двајца за виш надзорник за внатрешни и надворешни обезбедувања и еден командир за обезбедување.

Во однос на првото работно место, формирана е комисија за селекција при што, со записник е утврдено дека се пријавени пет кандидати. Во однос на првото лице, пријавител, комисијата констатирала дека документите не се разгледани поради ненавремено доставување, а во однос на второто лице пријавител комисијата констатира дека тој добил отказ пред пет години поради неоправдано отсуство од работа во рок од три дена. За второто работно место пријавени се четворица кандидати и комисијата констатира дека сите пријавени кандидати не ги исполнуваат условите, изјави Ивановска.

По спроведената постапка, посочи Ивановска, извршена е административна селекција за две лица за работно место виш надзорник, но без да се спроведе интервју.

ДКСК, на денешната седница, констатира судир на интереси кај три лица – директорка на Универзитетска клиника за гастроентерохепатологија, докторка и претседателот на Управниот одбор, поврзани со клиничко истражување, при што донесе одлука на сите тројца да им се достават известувања и да се побара да излезат од констатираната состојба, а следствено на направеното прекршување да се поведат прекршочни постапки.

Членот на ДКСК, Софка Пејовска Дојчиновска, појасни дека од добиените документи, било констатирано дека ЈЗУ Универзитетска клиника за гастроентерохепатологија склучила договор за спроведување на клиничко испитување за кое претходно е дадено позитивно мислење од Етичката комисија за клинички испитувања поврзани со лекови и медицински средства и тоа е одобрено од Агенцијата за лекови и медицински средства, но дека има ситуација каде застапник на фирмата која го спонзорира истражувањето е сопруг на една од докторките која што влегува во тимот за истражување.

Прво, произлегува дека директорот на Клиниката се наоѓа во состојба на судир на интереси, бидејќи со потпишување на договорот за клиничко испитување има директен приватен интерес, преку остварување на финансиска корист, како главен испитувач. Второ, претседателот на Управниот одбор, исто така, се наоѓа во состојба на судир на интереси, бидејќи од една страна одлучува во процесот на спроведување на истражувањето и има директна финансиска корист како главен испитувач. Трето, докторката, која е сопруга на управителот на правното лице, застапник на спонзорот, се наоѓа во состојба на судир на интереси, бидејќи е вклучена во испитувачкиот тим, појасни Дојчиновска.

ДКСК, во рамки на денешната 55-та седница, разгледа и одлучи по повеќе предмети за судир на интереси.

директор ДКСК затвор Македонија Случаиу судир на интереси
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.