Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дневен биланс на ковид-19: Нови 37 случаи, две починати лица и 15 оздравени

0
By Нова ТВ on April 19, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, April 19, 2020 14:21

Нови 37 лица со ковид-19 се регистрирани во земјата во последните 24 часа, две лица починаа и 15 оздравеа, соопшти Министерството за здравство. Вкупната бројка за заболени пациенти со коронавирус во Македонија сега изнесува 1.207.

„Починати се двајца пациенти кои беа позитивни на ковид-19. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Скопје на возраст од 66 години и во ГОБ „8 септември“ почина пациент од Штип на возраст од 83 години. И двајцата беа со претходни коморбидитети, појаснуваат во соопштението од МЗ.

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) денеска регистрира 15 излекувани пациенти од кои шест од болничко лекување и девет кои се третирале во домашни услови.

Во изминатите 24 часа се потврдени се 37 нови случаи на ковид-19 и тоа во Скопје 8, во Куманово 9, во Прилеп 5, во Тетово 3, во Велес 3, во Охрид 8 и во Кочани 1. Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со ковид-19 во нашата земја изнесува 1207.

Најголем дел од нив се лица од Скопје – 409, потоа следуваат од Куманово – 329, пациенти, од Дебар – 51, од Штип – 32, од Прилеп – 117, од Тетово – 55, од Струга – 55, од Велес – 58, од Битола – 17, од Охрид – 15, од Кавадарци – 4, од Гостивар – 12, од Гевгелија – 4, од Струмица – 2, од Крива Паланка – 4, од Радовиш – 4, од Крушево – 3, од Кочани – 27, од Пробиштип – 2, од Кичево – 2, од Неготино – 2, од Демир Хисар – 1 и Македонски Брод – 2.

Во изминатото деноноќие, се подвлекува во соопштението од МЗ, се направени 314 теста. Преку ИЈЗ – 222, преку Ветеринарен факултет – 0, преку „Авицена“ – 3, преку „Биотек“ – 27, преку „Филип Втори“ (Жан Митрев) – 17 и преку „Систина“, со PCR метода, – 45. Досега во земјата се направени вкупно 11.870 тестирања на ковид-19.

На Инфективната клиника во Скопје се примени осум пациенти. Вкупно се хоспитализирани 55 од кои 17 добиваат кислородна поддршка, а пет се приклучени на механичка вентилација.

Во ГОБ „8 септември“ примени се седум нови пациенти и таму во моментот се хоспитализирани вкупно 34 лица од кои седум пациенти се приклучени на респираторна машина. Од болницата, со дозвола на ДЗСИ, се испишани тројца, сè уште позитивни, пациенти, но во добра општа состојба кои продолжуваат со лекување во домашни услови и под постојан лекарски надзор и редовни контролни брисеви.

Во болницата во Битола, се посочува во дописот на МЗ, се хоспитализирани 13 пациенти, од нив три се на кислородна поддршка. На домашно лекување се следат уште 15 пациенти.

Во штипската болница во моментот се лекуваат пет позитивни пациенти на коронавирус, додека испишано е едно четиричлено семејство. Нивните први контролни брисеви се негативни, а пациентите се во општа добра состојба. До вториот негативен контролен брис, информираат од МЗ, пациентите ќе бидат под редовен лекарски надзор. Преку болницата во Штип се следат уште 20 пациенти кои се лекуваат во домашни услови.

Дневен биланс Ковид-19 Македонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.