НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дневен ковид-19 биланс: Еден починат, 14 новозаболени и 20 излекувани пациенти

0
By Нова ТВ on May 8, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Еден починат пациент, 14 новозаболени и 20 излекувани е билансот на ковид-19 во земјата за последните 24 часа, информираат од Министерството за здравство (МЗ). Во ГОБ „8 септември“ почина 61 лице од Тетово кое било хоспитализирано на 28 април.

Од МЗ истакнуваат дека денеска на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) се регистрирани 20 оздравени пациенти и тоа од Скопје – 1, од Куманово – 9, од Прилеп – 2, од Велес – 7 и од Битола – 1.

Во изминатите 24 часа се направени 242 тестирања, при што се потврдени 14 нови случаи на ковид-19 и тоа во Скопје – 5, во Прилеп – 2, во Тетово – 1 и во Велес – 6.

Согласно ова, вкупната бројка на ковид дијагностицирани пациенти во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.586, бројката на оздравени пациенти е 1.099, на починати е 90, а бројот на активни случаи во земјата во моментот изнесува 397. Последната дистрибуција по градови е:

Скопје – 531, активни 130
Куманово – 404, активни 61
Дебар – 51, активни 0
Штип – 35, активни 2
Прилеп – 169, активни 62
Тетово – 96, активни 42
Струга – 67, активни 16
Велес – 101, активни 46
Битола – 22, активни 3
Охрид – 15, активни 9
Кавадарци – 5, активни 1
Гостивар – 17, активни 3
Гевгелија – 4, активни 0
Струмица – 2, активни 0
Крива Паланка – 6, активни 2
Радовиш – 4, активни 0
Крушево – 3, активни 0
Кочани – 31, активни 5
Пробиштип – 2, активни 0
Кичево – 2, активни 1
Неготино – 9, активни 7 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Демир Хисар – 1, активни 0
Македонски Брод – 2, активни 1
Пехчево – 2, активни 2
Делчево – 1, активни 1
Валандово – 1, активни 1
Виница – 2, активни 1
Кратово – 1, активни 1

Направените 242 теста се преку ИЈЗ – 107, преку Ветеринарен факулет – 11, преку „Авицена“ – 3, преку „Биотек“ – 38, преку Клиниката „Филип Втори“ (Жан Митрев) – 42, преку „Систина“, со PCR метода, – 22 и преку МАНУ – 19. Досега во земјата се направени вкупно 18.410 тестирања на ковид-19.

Во изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби се примени двајца пациенти со потешка клиничка слика, а вкупно се хоспитализирани 42. На кислородна поддршка се 16, а на механичка вентилација четири лица.

Во ГОБ „8 септември“ се примени четворица нови пациенти, а вкупно се хоспитализирани 20. На респираторна машина се двајца пациенти и уште двајца со потешка клиничка слика.

Во болницата во Битола се лекува еден пациент, а на домашно лекување се следат двајца пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани вкупно пет позитивни лица на ковид-19, а уште еден пациент се следи на домашно лекување. На инфективните одделенија во Прилеп, во Велес, во Куманово, во Охрид и во Тетово сe хоспитализирани 46 пациенти, позитивни и сомнителни на ковид-19.

Дневен биланс Коронавирус Македонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Русија и Украина денеска разменија по 146 заробеници

August 24, 2025

Волстрит џурнал: Пентагон не и дава на Украина да користи оружје со долг дострел против Русија

August 24, 2025

Норвешка ќе и испорача на Украина ПВО системи во вредност од скоро 700 милиони долари

August 24, 2025

Трета недела по ред доларот лизга удолу

August 24, 2025

Нови собири низ Србија на „Граѓани против блокадите“

August 24, 2025
ФОКУС

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

ВЕСТИ August 24, 2025

На 24 август Украина го одбележува најголемиот државен празник – Денот на Независноста. Денот е…

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

August 21, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.