Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дневен ковид-19 биланс: Еден починат, 15 нови случаи и 45 излекувани лица

0
By Нова ТВ on May 2, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, May 2, 2020 14:59

Едно починато лице, 15 новозаболени и 45 излекувани е билансот на ковид-19 во земјава за изминатите 24 часа, соопштуваат од Министерството за здравство (МЗ). На Инфективната Клиника во Скопје, како што истакнуваат од МЗ, починал 61 годишен пациент од Струга, со повеќе коморбидитети и тешка форма на болеста кој бил хоспитализиран на 24 април.

Денешниот ден воедно е прв од почетокот на панедмијата без прием на нови позитивни или сомнителни пациенти на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје од каде се испишани осум пациенти, а моментно се хоспитализирани 39 пациенти. Дваесет од нив се потешко болни и на кислородна поддршка и еден во критична состојба и на механичка вентилација.

Од Министерството за здравство и информација за 45 оздравени пациенти што ги регистрира Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) од кои 19 од Скопје, 25 од Куманово и едно лице од Прилеп.

Во изминатите 24 часа се направени 199 тестирања, а потврдени се 15 нови случаи на ковид-19 и тоа во Скопје два, во Куманово седум, во Прилеп четири, во Тетово еден и во Струга еден.

Лабораторијата на Клиниката „Жан Митрев“ достави допис до ИЈЗ за исправка на позитивни резултати за 3 лица (2 од Скопје и 1 од Битола) пријавени на 24 април. Трите лица се всушност негативни, а причина за грешката е најверојатно контаминација на материјалот. Кај трите лица е направен тест на оригиналниот материјал на 25 април, но и на нов брис по што се добиени негативни резултати, а истите лица се тестирани и преку ИЈЗ и тие резулатати се негативни.

Согласно ова, вкупната бројка на дијагностицирани лица со ковид-19 во нашата земја изнесува 1.506, бројката на оздравени пациенти е 852, на починати е 82, а во моментот како активни случаи во земјата се водат 572.

Последната дистрибуција по градови е следна: Скопје – 509, Куманово – 400, Дебар – 51, Штип – 34, Прилеп – 157, Тетово – 85, Струга – 67, Велес – 77, Битола – 19, Охрид – 15, Кавадарци – 5 , Гостивар – 17, Гевгелија – 4, Струмица – 2, Крива Паланка – 5, Радовиш – 4, Крушево – 3, Кочани – 31, Пробиштип – 2, Кичево – 2, Неготино – 9 (*7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија), Демир Хисар – 1, Македонски Брод – 2, Пехчево – 2, Делчево – 1, Валандово – 1 и Виница – 2.

Направените 199 теста се преку ИЈЗ – 179, преку Ветеринарен факултет – 0, преку „Авицена“ – 0, преку „Биотек“ – 0, преку Клиниката „Филип Втори“ (Жан Митрев) – 0, преку „Систина“, со PCR метода – 10 и преку МАНУ – 10.  Досега во земјата се направени вкупно 16.997 тестирања на ковид-19.

Во изминатото деноноќие во ГОБ „8 септември“ се примени девет нови пациенти, а вкупно хоспитализирани се 29. На респираторна машина се четворица пациенти и уште тројца имаат потешка клиничка слика.

Во болницата во Битола се лекуваат четворица пациенти, а на домашно лекување се следат тројца. Во болницата во Штип се хоспитализирани двајца пациенти, а уште четворица се следат на домашно лекување. На инфективните одделенија во Прилеп, во Велес, во Куманово, во Охрид, во Гостивар и во Тетово се хоспитализирани вкупно 47 позитивни и суспектни на Ковид-19.

Дневен биланс Ковид-19 Македонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.