Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дневен ковид-19 биланс: Еден починат, пет нови случаи и 95 излекувани

0
By Нова ТВ on May 3, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, May 3, 2020 14:27

Еден починат, пет новозаболени лица и 95 излекувани е биланс на ковид-19 во земјава за 3 мај, соопштуваат од Министерството за здравство. Смртниот случај е регистриран во ГОБ „8 септември“ кај 94 годишен пациент од Куманово кој бил хоспитализиран на 28 април. Дневниот извештај е дополнет и со 69 годишна пациентка од Струга која починала на 29 април на пат кон охридската болница, а од ЦЈЗ Охрид постмортем бил земен брис кој покажал присуство на коронавирусот.

Во изминатите 24 часа се направени 249 тестирања и потврдени се пет нови случаи на ковид-19 и тоа во Скопје – 2, во Куманово – 1, во Прилеп – 1 и во Тетово – 1.

Министерството за здравство информира дека денеска на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) се регистрирани 95 оздравени пациенти и тоа во Скопје – 32, во Куманово – 38, во Прилеп – 16, во Тетово – 2 и во Велес – 7.

Во однос на оздравените пациенти од вчера, направена е исправка и две лица од Прилеп и од Струга, кои се испишани од Инфективната клиника во Скопје, сè уште се позитивни на вирусот, но се наоѓаат во добра општа состојба и се пуштени на домашно лекување. Согласно ова, вкупната бројка на ковид-19 дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.511, бројката на оздравени пациенти е 945, на починати е 84, а бројот на активни случаи во земјата во моментот изнесува 482. Последната дистрибуција по градови е следна:

Скопје – 511
Куманово – 401
Дебар – 51
Штип – 34
Прилеп – 158
Тетово – 86
Струга – 67
Велес – 77
Битола – 19
Охрид – 15
Кавадарци – 5
Гостивар – 17
Гевгелија – 4
Струмица – 2
Крива Паланка – 5
Радовиш – 4
Крушево – 3
Кочани – 31
Пробиштип – 2
Кичево – 2
Неготино – 9 (*7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Демир Хисар – 1
Македонски Брод – 2
Пехчево – 2
Делчево – 1
Валандово – 1
Виница – 2

Направените 249  теста се преку ИЈЗ – 224, преку Ветеринарен факулет – 0, преку „Авицена“ – 0, преку „Биотек“ – 11, преку Клиниката „Филип Втори“ (Жан Митрев) – 5, преку „Систина“, со PCR метода, – 6 и преку МАНУ – 3. Досега во земјата се направени вкупно 17.246 тестирања на ковид-19.

Во изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби се примени двајца нови пациенти, а хоспитализирани се вкупно 39. На кислородна поддршка е 21 пациент, а на механичка вентилација еден пациент.

Во ГОБ „8 септември“ се примени тројца нови пациенти, а вкупно се хоспитализирани 23 пациенти. На респираторна машина се четири лица, а уште пет имаат потешка клиничка слика.

Во болницата во Битола се лекуваат четворица пациенти, а на домашно лекување се следат тројца. Во болницата во Штип се примени двајца нови пациенти, хоспитализирани се вкупно четворица, колку што се следат и на домашно лекување. На инфективните одделенија во Прилеп, во Велес, во Куманово, во Гостивар и во Тетово се хоспитализирани вкупно 44 позитивни и суспектни на ковид-19.

Дневен биланс Ковид-19 Македонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026

АНБ во решителна акција против руска пропагандна: Потврда на заканата за која ЦИВИЛ предупредува со години

October 1, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026

АНБ во решителна акција против руска пропагандна: Потврда на заканата за која ЦИВИЛ предупредува со години

October 1, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.