Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дневен ковид-19 биланс: Осум нови случаи, 21 излекуван пациент, еден починат

0
By Нова ТВ on May 5, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Едно починато лице, осум новозаболени и 21 излекувано е билансот на ковид-19 во земјава за последните 24 часа, соопштуваат од Министерството за здравство (МЗ). Смртниот случај е регистриран во ГОБ „8 септември“ каде почина 59 годишна пациентка од Тетово која 15 дена била во тешка состојба и на респираторна машина.

Од МЗ информираат дека Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) денеска регистрира 21 оздравен пациент и тоа од Скопје – 8, од Куманово – 6, од Штип – 1, од Прилеп – 2, од Тетово – 1, од Велес – 1, од Кочани – 1 и од Македонски Брод – 1 .

Во изминатите 24 часа се направени 185 тестирања, а потврдени се осум нови случаи со ковид-19 и тоа во Скопје – 3, во Битола – 1 и во Велес – 4.

Согласно ова, вкупната бројка на ковид-19 дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.526, бројката на оздравени пациенти е 1.013, на починати е 86, а во моментот бројот на активни случаи во земјата изнесува 427.

Последната дистрибуција по градови е следна: Скопје – 515, Куманово – 401, Дебар – 51, Штип – 34, Прилеп – 159, Тетово – 90, Струга – 67, Велес – 81, Битола – 19, Охрид – 15, Кавадарци – 5, Гостивар – 17, Гевгелија – 4, Струмица – 2, Крива Паланка – 5, Радовиш – 4, Крушево – 3, Кочани – 31, Пробиштип – 2, Кичево – 2, Неготино – 9 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија), Демир Хисар – 1, Македонски Брод – 2, Пехчево – 2, Делчево – 1, Валандово – 1, Виница – 2 и Кратово – 1.

Направените 185 теста се преку: ИЈЗ – 79, преку Ветеринарен факултет – 3, преку „Авицена“ – 9, преку „Биотек“ – 33, преку Клиника „Жан Митрев“ – 27, преку „Систина“, со PCR метода, – 17 и преку МАНУ – 17. Досега во земјата се направени вкупно 17.544 тестирања на ковид-19.

Во изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примени се 11 нови пациенти, осум од нив се префрлени од ГОБ „8 Септември“, а вкупно се хоспитализирани 41. На кислородна поддршка се 19 пациенти, а на механичка вентилација еден.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се четворица нови пациенти, а вкупно се хоспитализирани 14. На респираторна машина се тројца пациенти, а уште четири имаат потешка клиничка слика.

Во болницата во Битола се лекуваат четворица пациенти, а на домашно лекување се следат уште двајца пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани четворица пациенти, а уште тројца се следат на домашно лекување. На инфективните одделенија во Прилеп, во Велес, во Куманово, во Охрид и во Тетово се хоспитализирани 52 позитивни и суспектни на ковид-19, стои во соопштението на Министерството за здравство.

Дневен биланс Коронавирус Македонија Министерсто за здравство
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.