Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дневен ковид-19 биланс: Шест починати лица, 36 излекувани, 22 новозаболени

0
By Нова ТВ on April 28, 2020 ПОЛИТИКА
Фото: 24.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, April 28, 2020 15:26

Министерството за здравство (МЗ) информира дека денеска Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) регистрира 36 оздравени пациенти и тоа во Скопје – 19, во Куманово – 1, во Штип – 5, во Прилеп – 4, во Тетово – 1, во Струга – 1, во Велес – 3 и во Гостивар – 2.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа две лица од Прилеп, пациент на возраст од 58 години, хоспитализиран на 19 април и 63 годишен пациент на болничко лекување од 9 април, и двајцата приклучени на механичка вентилација. Во ГОБ „8 септември“ починаа три лица, двајца пациенти од Скопје на 75 и на 58 годишна возраст и двајцата хоспитализирани на 26 април, и пациентка од Тетово на 51 година, хоспитализирана на 12 април.

Пред два дена почина и пациентка од Скопје на Клиниката за онкологија на 71 година. Нејзиниот позитивен резултат на ковид-19 е стигнат во текот на вчерашниот ден.

Во изминатите 24 часа се направени 362 тестирања, а потврдени се 22 нови случаја на ковид-19 и тоа во: Скопје – 11, во Куманово – 2, во Струга – 1, во Велес – 3, во Кавадарци – 2, во Гостивар – 2 и во Неготино – 1.

Со ова вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја изнесува 1.421, бројката на оздравени пациенти е 589, на починати е 71 , а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 761. Последната дистрибуција по градови е следна:
Скопје – 486
Куманово – 378
Дебар – 51
Штип – 34
Прилеп – 143
Тетово – 75
Струга – 65
Велес – 69
Битола – 19
Охрид – 15
Кавадарци – 7
Гостивар – 17
Гевгелија – 4
Струмица – 2
Крива Паланка – 5
Радовиш – 4
Крушево – 3
Кочани – 28
Пробиштип – 2
Кичево – 2
Неготино – 5
Демир Хисар – 1
Македонски Брод – 2
Пехчево – 1
Валандово – 1
Виница – 2

Направените 362 теста се преку ИЈЗ – 203, преку Ветеринарен факултет – 8, преку „Авицена“ – 11, пред „Биотек“ – 45, преку „Филип Втори“ (Жан Митрев) – 48, преку „Систина“, со PCR метода, – 25 и преку МАНУ – 22.  Досега во земјата се направени вкупно 15.771 тестирања на ковид-19.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примени се пет нови пациенти, а во моментот се хоспитализирани вкупно 52. Критично болни и на механичка вентилација се тројца пациенти, 25 имаат потешка клиничка слика и добиваат кислородна маска.

Во ГОБ „8 септември“ се примени тројца нови пациенти, а вкупно хоспитализирани се 28. Со потешка клиничка слика се тројца од нив, а на респираторна машина вкупно 6.

Во болницата во Битола се лекуваат шест пациенти, а на домашно лекување се следат осум. Во Штип на болничко лекување има двајца, а на домашно се следат уште шест пациенти. На останатите инфективни одделенија во Прилеп, во Велес, во Куманово, во Гостивар, во Охрид и во Тетово се хоспитализирани вкупно 46 пациенти, позитивни и суспектни на ковид-19.

Дневен биланс Ковид-19 Македонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.