Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дневен ковид-19 биланс: Три починати лица, 26 излекувани, 30 нови случаи

0
By Нова ТВ on May 17, 2020 ПОЛИТИКА
Infektivno
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, May 17, 2020 14:54

Нови 30 случаи на ковид-19 се регистрирани во последните 24 часа од направени 426 тестирања. Оздравени се 26 пациенти, додека три лица починаа на Клиниката за инфективни болести, информира денеска Министерството за здравство (МЗ).

Министерството соопшти дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 26 оздравени пациенти и тоа во Скопје – 1, во Куманово – 14, во Прилеп – 4, во Тетово – 3 и во Велес – 4.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа тројца пациенти – пациент од Велес (58 години) примен на 12 мај, пациент од Тетово (57) лекуван на Клиниката од 22 април и уште еден пациент од Тетово (78) кој бил хоспитализиран на 11 мај.

Во изминатите 24 часа се направени 426 тестирања, а регистрирани се 30 нови случаи на ковид-19 и тоа во Скопје – 11, во Куманово – 2, во Штип – 1, во Прилеп – 3, во Тетово – 6, во Велес – 5, во Битола – 1 и во Охрид – 1.

Од вкупниот број на направени тестови во изминатото деноноќие, 184 се направени во рамките на скринингот од градинките и сите се негативни.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.792, бројката на оздравени пациенти е 1.293, на починати е 101, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 398. Последната дистрибуција по градови е:

Скопје – 612, активни 144
Куманово – 416, активни 32
Дебар – 51, активни 0
Штип – 36, активни 2
Прилеп – 200, активни 64
Тетово – 143, активни 75
Струга – 69, активни 4
Велес – 119, активни 48
Битола – 27, активни 8
Охрид – 19, активни 4
Кавадарци – 5, активни 0
Гостивар – 19, активни 2
Гевгелија – 4, активни 0
Струмица – 2, активни 0
Крива Паланка – 6, активни 2
Радовиш – 4, активни 0
Крушево – 3, активни 0
Кочани – 31, активни 4
Пробиштип – 2, активни 0
Кичево – 2, активни 0
Неготино – 9, активни 5 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Демир Хисар – 1, активни 0
Македонски Брод – 2, активни 0
Пехчево – 3, активни 1
Делчево – 1, активни 0
Валандово – 1, активни 1
Виница – 2, активни 0
Кратово – 2, активни 1
Берово – 1, активни 1

Направените 426 теста се преку ИЈЗ – 253, преку Ветеринарен факултет – 13, преку „Авицена“ – 5, преку „Биотек“ – 48, преку Клиниката „Филип Втори“ (Жан Митрев) – 3, преку „Систина“ со PCR метода – 26 и преку МАНУ – 78.  Досега во земјата се направени вкупно 21.436 тестирања на ковид-19.

Во изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примени се четворица пациенти, а вкупно се хоспитализирани 47. На кислородна поддршка се 19, а на механичка вентилација е еден пациент.

Во ГОБ „8 септември“ примени се седум нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 19. На респираторна машина седум пациенти и уште еден пациент е со потешка клиничка слика.

Во болницата во Битола се хоспитализирани пет, на домашно лекување се следат уште двајца пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани вкупно четворица, нема пациенти кои се следат на домашно лекување. На инфективните одделенија во Тетово, Велес, Куманово, Охрид и Прилеп се хоспитализирани 47 пациенти позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Дневен биланс Ковид-19 Македонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.