Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дневен Ковид биланс: Шест починати лица, 153 новозаболени и 75 излекувани

0
By Нова ТВ on June 25, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, June 25, 2020 14:45

Шест починати лица, 153 новозаразени пациенти и 75 излекувани е ковид биланс во земјава во изминатите 24 часа, соопштуваат од Министерството за здравство (МЗ). Од таму информираат дека во изминатото деноноќие се направени 1.279 тестирања кои дадоа позитивни резултати кај 66 лица во Скопје, 20 во Тетово, по 13 во Куманово и во Штип, 12 во Ресен, по седум во Струга и во Охрид, шест во Кичево, три во Свети Николе, две во Прилеп и по едно лице во Битола, во Крива Паланка, во Кочани и во Пробиштип

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) денеска регистрира 75 оздравени пациенти и тоа во Скопје – 47, во Штип – 13, во Прилеп – 1, во Тетово – 3, во Струга – 2, во Велес – 1, во Охрид – 3, во Кавадарци – 1, во Гевгелија – 2, во Кочани – 1 и во Пробиштип – 1. Починати се шест лица – по еден пациент од Скопје, од Тетово, од Охрид и од Ресен и двајца од Штип.

Во ГОБ „8 септември“ по приемот е починат пациент на возраст од 53 години од Ресен. Починат е пациент од Скопје на возраст од 61 година, кој бил лекуван до 23 јуни. Во болницата во Штип починаа две лица – пациент на возраст од 80 години, кој бил хоспитализиран на 5 јуни и пациент на возраст од 75 години, кој бил хоспитализиран на 24 јуни. Во Општата болница во Охрид почина пациент на возраст од 68 години, хоспитализиран на 23 јуни. Денеска ИЈЗ евидентира и претходно починат пациент од Тетово на возраст од 79 години.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5.595, бројката на оздравени пациенти е 2.166, на починати е 265, а бројот на активни случаи во земјата во моментот изнесува 3164. Дистрибуцијата по градови е следна:

Скопје – 2.730, активни 1.800
Куманово – 723, активни 268
Дебар – 83, активни 31
Штип – 290, активни 184
Прилеп – 240, активни 20
Тетово – 603, активни 355
Струга – 389, активни 107
Велес – 171, активни 30
Битола – 44, активни 15
Охрид – 131, активни 107
Кавадарци – 11, активни 5
Гостивар – 91, активни 52
Гевгелија – 10, активни 4 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)
Струмица – 13, активни 9
Крива Паланка – 13, активни 7
Радовиш – 4, активни 0
Крушево – 6, активни 3
Кочани – 63, активни 27
Пробиштип – 14, активни 9
Демир Хисар – 1, активни 0
Македонски Брод – 3, активни 1
Пехчево – 5, активни 2
Берово – 2, активни 1
Валандово – 6, активни 4
Виница – 3, активни 0
Делчево – 1, активни 0
Кратово – 4, активни 1
Свети Николе – 20, активни 18
Кичево – 16, активни 12
Ресен – 85, активни 83
Неготино – 20, активни 9 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1279 теста се преку ИЈЗ – 634, преку „Авицена“ – 105, преку „Биотек“ – 140, преку МАНУ – 109, преку Клиниката „Жан Митрев“ (Филип Втори) – 164, преку Судска медицина – 5, преку „Систина“ со PCR метода – 109 и ЦЈЗ Битола – 13. Досега во земјата се направени вкупно 55.735 тестирања на ковид-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа се примени шест пациенти, а вкупно се хоспитализирани 98. На кислородна поддршка се 51 пациент, нема пациенти на механичка вентилација. Во болницата во Козле се хоспитализирани две деца сомнителни на ковид-19 и 11 возрасни позитивни пациенти.

Во ГОБ „8 септември“ се примени 14 нови лица, вкупно се хоспитализирани 135 пациенти. На респираторна машина се седум од нив.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 44, а во болницата во Штип се хоспитализирани 22 пациента. На инфективните одделенија во Тетово, во Охрид, во Велес, во Куманово и во Прилеп се хоспитализирани 81 пациент, позитивни и сомнителни на ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје заклучно со вчера (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

Чаир – 416
Аеродром – 141
Бутел – 136
Гази Баба – 151
Центар – 123
Карпош – 121
Сарај – 138
Кисела Вода – 109
Ѓорче Петров – 88
Студеничани – 94
Шуто Оризари – 77
Арачиново – 51
Илинден – 32
Петровец – 16
Чучер Сандево – 17
Сопиште – 12
Зелениково – 2
Странец – 3
Нераспределен – 7

Дневен биланс Коронавирус Македонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.