Јована Тренчевска: Ги напаѓаш работниците преку ССМ! И не ти е доста!
Па ги напаѓаш вработените во државната управа преку напад кон синдикатот на УПОЗ!
А пред месец дена со тој синдикат си потпишал срамен Колективен договор со кој се уназадени работничките права! И со него се фалиш!
Наместо ветеното покачување добиваат по 7% и тоа не сите вработени во органите на државната управа!
И ако ја анализираш состојбата доаѓаш до она што ДПМНЕ секогаш го прави: После употреба да се фрли!
Но, тоа е само за работниците, не и за работодавачите, за капиталот!
Како што ќе каже еден нивен заменик министер:
“Добриот работник има добра плата!”
А останатите што немат добра плата за ДПМНЕ се очигледно лоши работници!
За нив капиталот и газдите се добри, оти профитот од лошите работници оди кај нив!
Дно!
Извор: Фејсбук



