Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дојче Веле: Најновиот скандал на власта под Орбан може да биде капката што ќе ја прелее чашата кај Унгарците

0
By Zoran Ivanov on December 15, 2025 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, December 15, 2025 15:03

Извештај на унгарската влада од 2021 година, кој партијата Тиса го објави во петокот, укажува на широко распространето злоставување во детските домови. Во документот се наведуваат околу 3.000 сомнителни случаи на злоставување, што претставува повеќе од една петтина од сите малолетници под државна грижа.

Владата на унгарскиот премиер Виктор Орбан, покрај многубројните обвинувања за злоупотреба на власта, е потресена и од скандал поврзан со системско злоставување деца во државните домови. Дополнителен проблем, нагласуваат критичарите, е тоа што надлежните институции со години се обидувале да ги прикријат размерите на овој проблем, пишува Дојче Веле.

Откако во јавноста излегоа податоци за злоставувања во државните установи за деца и млади, во саботата во Будимпешта повеќе од 50.000 луѓе побараа оставка од премиерот Орбан. Демонстрантите извикуваа пароли како „Орбан, губи се!“, а собирот го организираше опозицискиот лидер Петер Маѓар, претседател на партијата Тиса, која според анкетите води во пресрет на парламентарните избори планирани за пролет. Маѓар ја предводеше протестната поворка носејќи транспарент со натпис „Да ги заштитиме децата“.

„Во нормални околности, во ваков случај би паднала владата“, изјави за агенцијата АФП 16-годишниот демонстрант Давид Козак. „Нив не ги загрижуваат случаите на злоставување, туку тоа што тие беа откриени“, додаде тој, мислејќи на владејачките структури.

Секое петто дете жртва на злоставување

Орбан тврди дека заштитата на децата е еден од највисоките приоритети на неговата политика уште од враќањето на власт во 2010 година. Сепак, во последните години неговата влада ја следат бројни скандали поврзани со злоставување малолетници во системот на државна грижа.

Извештај на унгарската влада од 2021 година, кој партијата Тиса го објави во петокот, укажува на широко распространето злоставување во детските домови. Во документот се наведуваат околу 3.000 сомнителни случаи на злоставување, што претставува повеќе од една петтина од сите малолетници под државна грижа. Министерството за внатрешни работи соопшти дека извештајот во 2022 година бил доставен до надлежните институции „со цел поддршка на нивната работа“.

Според податоците од извештајот, повеќе од 320 деца биле жртви на сексуално насилство, додека 77 претрпеле физичко злоставување. Вработените во установите предупредувале и дека полицијата и државното обвинителство често ги прекинувале истрагите без подигнување обвиненија, најчесто со образложение „недостиг од докази“.

Капката што ќе ја прелее чашата?

Неодамна откриениот случај на насилство во малолетнички затвор во Будимпешта дополнително ја вознемири јавноста. На снимка од надзорна камера се гледа како директорот на установата удира момче со нога во главата. Четворица вработени беа приведени во почетокот на неделата, а владата ги стави сите такви установи под полициски надзор.

Претходно беа уапсени уште тројца вработени, меѓу кои и поранешен директор обвинет за водење синџир на проституција. Најновиот скандал многумина во Унгарија го доживуваат како пресвртна точка, која би можела да има силен политички одек во пресрет на клучните избори следната година.

 

Влада деца Орбан Унгарија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
ФОКУС
February 2, 2026

Mејлови на Епштајн: Мозоци од Македонија користени во истражување за нов лек

ВЕСТИ February 2, 2026

Македонија се споменува во мејловите на осудениот милијардер, сексуален предатор, педофил и трговец со малолетнички…

Трендафилов: Чекавме во ССМ но никој од Владата не дојде да потпише

February 2, 2026

Продолжи судењето за „Пулс“: Адвокатот Шилегов побара измени во обвинението во делот за своите клиенти

February 2, 2026

Мелбурн: Алкараз нов шампион на Австралија опен

February 1, 2026
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.