Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
НОВА ТВНОВА ТВ

До 20 часот во Скопската котлина наврнале 33 литри дожд на м2

0
By Нова ТВ on August 6, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, August 6, 2016 22:32

Во невремето што зафати делови од државата до 20 часот најмногу дожд наврна во Скопската котлина 33 л/м2, соопшти вечерва Управата за хидрометеоролошки работи.

– Попладнево под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса во западните и северозападните делови од земјава предизвика нестабилност проследена со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Со поинтензивен пороен дожд беа зафатени планинските делови, Мавровскиот регион, Шарпланинскиот масив и Полошката котлина. Во западните и југозападните делови од Скопскиот регион беше нестабилно со грмежи и засилен северен ветер кој на моменти достигнуваше брзина до 72 км/час, се наведува во соопштението.

Вториот бран на нестабилност во форма на долготрајно невреме, се посочува, ја зафати Скопската котлина.

Невремето беше проследено со силен пороен дожд, силни електрични празнења како и засилен на моменти и силен ветер кој достигнуваше брзина од 72 до 80 км/час.

Во текот на ноќта, од УХМР најавуваат дека ќе се задржи нестабилно со локален пороен дожд со променлив интензитет, грмежи и засилен ветер. Процесите во западните делови ќе бидат поинтензитет.

Во Скопската котлина во моментов сеуште е нестабилно со пороен дожд кој на моменти е интензивен, проследен со електрични празнења и ветер. И во текот на ноќта ќе се задржи нестабилно со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

За утре се очекува променливо облачно посвежо и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, особено во западните делови каде се очекува процесите да бидат поинтензивни. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. УВ индексот ќе изнесува 7. Утринската температура ќе биде од 14 до 22, а дневната највисока температура на воздухот ќе се движи од 25 до 32 степена.

Во Скопје променливо облачно посвежо и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Температурите ќе се движат од 20 / 29 степени.

До понеделник ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен доќд, грмежи и засилен ветер, особено во западните делови.

Во вторник се уште ќе има услови за слаб локален дожд, а извесно стабилизирање на времето се очекува од среда.

временска прогноза невреме поплави Скопје
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 9, 2026

Скопје: Наша Европа. Посилни заедно – 9-ти мај ден на Европа

ВЕСТИ May 9, 2026

Ден на Европа оваа година се слави под слоганот „Наша Европа. Посилни заедно“.

„Да го одбраниме Колективниот договор“ – СКРМ најави протест на отворањето на „Мајски оперски вечери“

May 8, 2026

Објавена мапа на американските напади врз Иран

May 8, 2026

Администрацијата на Трамп претстави нова стратегијa: ја обвинува Европа дека е „расадник“ на тероризам

May 7, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.