Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

До каде сме со коридорите? -До Собранието

0
By Marta Pesevska on May 7, 2023 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Патиштата ви се лоши, да ги поправите – беше пораката на големиот нобеловец по економија Пол Кругман што ја упати кон властите додека присуствуваше на економскиот форум во земјава.

Минатата година во месец мај тој ja посети земјава, присуствуваше и говореше на форумот и порача дека во оваа глобална криза инвеститорите ќе ги селат фабриките на Балканот и онаму каде трошоците се пониски, затоа треба сите да се подготвени за да можат да ги привлечат. Тој истакна дека клучот за економски развој и привлекување на инвеститори е во добрата инфрастуктура и се надева надлежните дека ќе почнат да работат на тоа.

И покрај препораките од експерите, бизнис секторот и граѓаните, Македонија се уште мака мачи со инфраструктурата и наместо сè да биде брзо и лесно, низ земјава се патува многу бавно и најчесто заобиколено, а автопати има од Гевгелија до Скопје, Скопје – Гостивар – Скопје, Скопје – Куманово-Скопје и Миладиновци – Три Чешми (Штип) и обратно… сè друго е брз пат или обичен пат.

Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) за изградба потпиша договор за изградба на четири автопатски делници во должина од 110 километри на коридорите 8 и 10 д во наредните пет години.

Со договорот се опфатени автопатските делници на Коридорот 8: Требеништа – Струга – Ќафасан (22,5 километри) Гостивар – Букојчани (30,1 километар), трета лента на автопатот Тетово – Гостивар ( над 17 километри) и на делницата Прилеп – Битола (40 километри) од Коридорот 10- д.

Проектот е од исклучително значење за подигнување на нивото на квалитетот на патната инфраструктура.

Не е тајна дека Македонија меѓу првите почна со двата коридора, 8 и 10, но потоа застана. Исто така соседните земји, Грција и Бугарија веќе од многу одамна, но сега веќе и Албанија, Србија, па дури и Косово изградија нови автопатишта и делници, а нашава земја тапка во место.

Зошто е важно да имаме добри патишта?!

Нови, прави и брзи патишта прво требаат за поголема безбедност во сообраќајот за сите. За експертите ова значи и поголема брзина и економичност во работата.

Така на пример за Биљана Муратовска од Асоцијацијата „Макам-транс“ најзначајно е тоа што ќе се обезбеди побрз и побезбеден сообраќај и превоз на стока и патници, зачувување на возилата од расипување или оштетување. Таа за Lokalno.mk изјави дека „изградба на патниот коридор 8 и 10 во нашата држава е за поздравување и преставува голема придобивка од аспект на безбедно вршење на превозот во патниот сообраќај, полесен и побрз пристап до другите држави од кои или до кои се врши превоз на стока или патници. За превозните трговски друштва покрај безбедноста значи и зачувување на возилата од расипување или оштетување поради несоодветно изградена патна инфраструктура, но и не за зголемување на обемот на работа“.

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, во изјава за Миа.мк, истакна дека овие Коридори, можеби не се толку значајни за главниот град, но за луѓето од внатрешноста на земјата се најважни.

„Ајде да отидеме во Битола, во Прилеп или во Тетово и Гостивар, Струга и Охрид, да ги прашаме граѓаните кој им е клучниот и најголем проблем на граѓаните од тие региони. Сите до еден ќе кажат, клучно прашање е решавањето на инфраструктурата. И ние сме ветиле и сме земале обврска и во програмите на Владата и во законските одредби дека ние инфрастуктурата мора да ја подобриме. Да не се развива и концентрира целата економија во главниот град туку да можеме да ја дисперзираме практично целата економија“, истакна тој.

Нови законски измени за побрзо и поекономично градење, главниот збор го имаат пратениците

По многуте блокади од опозицијата во Собранието, Владата на последната седница донесе нови пет предог-закони за коридорите 8 и 10д кои ќе бидат доставени со европско знаме. Како што соопшти првиот заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, на прес конференција, целта на новите законски решенија е побрза и поевтина изградба на коридорите.

Од пратениците сега зависи, рече Груби, дали изградбата на коридорите ќе биде побрза и поевтина или побрза и поскапа.

Тој воедно ја повика опозицијата да прекине со блокадите на законските решенија зашто со тоа, рече, се ставаат во заложништво 150 милиони евра од граѓаните и се загрозуваат националните стратегиски проекти поради дневно-политичка агенда.

-Наместо проектот да чини скоро 1,5 милијарди евра со сегашното домашно законодавство, актуелно, има можност да чини 1,3 милијарди евра со поефикасен систем не само за овој проект на изградба на коридорите 8 и 10 д, туку за сите идни национални стратешки проекти. За да се реализира тоа беа поднесени осум предлог-закони кои опозицијата ги блокира со што стави во заложништво и две години од животот на граѓаните. Пратениците да се откажат од блокади, да не ги поскапуваат автопатиштата за над 150 милиони евра и да не ги загрозуваат националните стратегиски проекти поради политичка агенда, истакна Груби.

Добри патишта во Македонија и те како се потребни и ќе се градат, но како, за колку пари и за колку време главната одлука ќе ја донесат пратениците во македонското Собрание.

Извор: Бриф.мк

автопат бочварски коридори патишта Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

ВЕСТИ September 15, 2025

На плоштадот во Скопје, утре симболично во 20:16 часот, ќе се одржи тивок собир за…

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025

Брисел: Албанија се поблиску до ЕУ – отвора уште еден кластер во преговорите

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.