Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

До родителите на жртвите од Кочани: Не учествувајте во спотот на премиерот!

0
By Marija Todorovska on May 9, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Што се однесува до материјално- финансиските поткрепи, треба да одбиете секаков вид на милост од одговорните за катастрофата, а тоа е власта и државата и да барате оштета. Државата треба да ви плати за жртвите што ви ги предизвикала. 

Бранко Тричковски

Јас им препорачувам на родителите на изгорените младинци во кочанската шупа да не одат на средба со премиерот.

Прво, средбата во оваа време значи дека жртвите, нивните родители и нивната болка се ставени на последното место на премиерската агенда. Зад Гази баба, зад Јапонија и зад милион интервјуа и безвезни изјави. Тоа е, нека не се сомневаат, свесно истоштување и на родителите и на јавноста и отворен обид со истоштување и презир кон состојбите да се спушти опасноста за премиерот за неговите луѓе и за неговата власт од ширењето на гневот. По убиството на младинците, веднаш се пристапи кон убиство на гневот и тој масакар се уште трае.

Второ, посетата би била точно на таа линија на власта: потчинување на болката и на жртвите, на одговорните за трагедијата.

Трето, посетата би била учество на жртвите и нивните блиски во најновиот пропаганден спот на Мицкоски и на вмро. Тоа би било тотално обесчестување на мајките и татковците и на сета родбина и другарство на загинатите.

Што се однесува до материјално- финансиските поткрепи, треба да одбиете секаков вид на милост од одговорните за катастрофата, а тоа е власта и државата и да барате оштета. Државата треба да ви плати за жртвите што ви ги предизвикала. Големи пари, за големата трагедија. Да ги испоапси одговорните, а не тие што пред толку години потпишувале или фалсификувале некакви лиценци, туку актуелни актери од позорникарите во шупата до министерот и премиерот на нивото на објективна одговорност. Веднаш, значи без прикаски дека истрагата е во тек. Во тек се беспризорните обиди за заташкување и како што реков истоштување. Работи што се прават според учебникот на другатот Конрад а и на други “научници” за совладување на општите расположенија по вакви трагедии.

И, конечно, заедно со оставките, да ви се извинат.

На вас.

Па на цела Македонија.

Од Фејсбук ѕидот на авторот 

Бранко Тричковски власт Кочани оштета пожар премиер родители
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

ВЕСТИ September 15, 2025

На плоштадот во Скопје, утре симболично во 20:16 часот, ќе се одржи тивок собир за…

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025

Брисел: Албанија се поблиску до ЕУ – отвора уште еден кластер во преговорите

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.