Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Добар почеток, лош крај во Лисабон: Металург заврши со пораз во ЛШ

0
By Нова ТВ on December 3, 2017 СПОРТ
Фото: rkmetalurg.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Металург загуби во последниот настап од групната фаза во ракометната Лига на шампиони за оваа сезона. Спортинг во Лисабон го совлада тимот од Автокоманда со 31:27 во меч што, освен престиж, немаше значење за конечниот изглед на табелата во Д конкуренцијата.

Македонскиот вицепрвак повторно одигра добро и лошо полувреме што влијаеше на крајниот резултат да биде каков што е. „Металурзи“ беа подобар ривал во првиот дел во кој во десеттата минута водеа со 1:5, во 14. и со 3:6. Домашните, сепак, успеаја да фатат чекор, па и да поведат со два разлика (11:9) во 25 минута. На тоа тимот на Александар Јовиќ одговори со серија од 3:0 за враќање во позитива (11:12) и со реализациите на Димитриевски и на двапати Токиќ што следуваа ги „заклучи“ воведните 30 минути со 12:15.

Почетокот на продолжението му припадна на Спортинг Лисабон. Португалците направија 5:2 во шесте минути по враќање од соблекувална и израмнија на 17:17. Илиќ набрзина „врза“ два гола за Металург за 17:19 во 37 минута и по што вицешамионот западна во „црна дупка“ и до 42 минута прими пет гол, а не постигна ниту еден (22:19). На трите гола за израмнување (22:22) дозволи нови три во низа во сопствената мрежа (25:22) по што ја загуби и конкурентноста за бодови до крај на средбата, патем, во 49 минута, остана и без Дарко Димитриевски кој поради три исклучувања мораше да се пресели на трибините.

Карлос Руесга Пасарин со седум гола беше најефикасен ракометар во натпреварот, Портела и Марцо додадоа по шест за домашната екипа колку и Вања Илиќ, првиот стрелец на металурзи на гостувањето во Португалија.

Спортинг Лисабон – Металург 31:27 (12:15)

Сала: „Жоао Роша“ во Лисабон. Гледачи: 415. Судии: Ференц Бониферт и Виктор Олах (двајцата од Унгарија). Ц. картон: Димитриевски (Металург).

Спортинг Лисабон: Чудиќ (10 одбрани), Гашпар, Валдез 1, Портела 6, Копчо 2, Бјелановиќ, Пасарин 7, Марцо 6, Сола 2, Роша, Карнеиро 2, Тавареш, Арухо 1, Никчевиќ 2, Божовиќ 1, Борхес 1. Тренер: Уго Канела.

Семерци: /. Исклучувања: 10 минути.

Металург: Томовски, Арсиќ (4 одбрани), Петров, Јагањац 2, Токиќ 4, Кузмановски 5, Илиќ 6, Анѓелиќ 3, Велковски 3, Пешевски 1, Палевски, Гуглета 1, Димитриевски 1, Арсеновски 1. Тренер: Александар Јовиќ.

Седмерци: 2/3. Исклучувања: 14 минути.

Лига на шампиони Металург ракомет Спортинг Лисабон
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.