ЛЕ: Перница го „задуши“ Динамо З., Спортинг со Ристовски поразен од Вилјареал

Со двата гола на чешкиот фудбалер, екипата на Викторија ги совлада „модрите“ со Аријан Адеми со 2:1 во првиот шеснаесетфинален меч во ЛЕ, тимот од Лисабон, пак, загуби на домашен терен од Вилјареал со 0:1. Реваншите се закажани за 21 февруари

Стефан Ристовски доби нов тренер: Михајловиќ на клупата на Спортинг Л.

Српскиот тренер потпиша тригодишен договор со тимот од Лисабон. Една од неговите задачи ќе биде шампионската титула во Лига Примеира во која „зелено-белите“ од „Жозе Алваладе“ стадионот во изминатата сезона ја завршија зад Порто и Бенфика, но и смирување на тензиите во клубот по судирот на играчите со претседателот Бруно де Карвалјо

Плеј-оф за ЛШ: Спортинг Л. на Ристовски се зачлени во елитата (Видео)

Тимот од Лисабон за кој неодамна потпиша македонскиот репрезентативец го декласира ФЦСБ (поранешна Стеауа) во Букурешт со 5:1 и обезбеди место во групната фаза во која синоќа се пласираа и Карабаг, Ливерпул, ЦСКА Москва и АПОЕЛ. Ждрепката е попладнево (18 ч.) во Монако

Си оди од Риека пред Олимпијакос: Стефан Ристовски во Спортинг Лисабон

Веста ја потврди Дамир Мишковиќ, претседател на клубот од „Рујевица“. Македонскиот фудбалски репрезентативец го напушта хрватскиот првак и, според најавите, за ден-два се очекува и официјално да биде промовиран во португалскиот гигант