Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Доделени Златните глобуси, скандалите во Холивуд во фокусот

0
By Нова ТВ on January 8, 2018 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, January 8, 2018 11:29

Драмата „Три билборди пред Ебинг, Мисури“ (Three Billboards Outside Ebbing, Missouri) победи во најзначајните категории на синоќешното 75.издание на Златен глобус, за најдобрите филмски и телевизиски остварувања на годината.

Церемонијата ја одбележа движењето #MeToo – на жртвите на сексуално насилство и злоупотреба.

Манифестацијата беше прва по скандалите со сексуална злоупотреба кои силно го погодија и Холивуд, а филмските ѕвезди носеа црна облека во знак на поддршка на жртвите.

Актерките своите говори ги искористија за да изразат поддршка на жртвите на сексуално насилство, помеѓу нив и Никол Кидман, Мерил Стрип, Мишел Вилијамс, Ема Вотсон и Опра Винфри, која ја доби почесната награда за животно дело.

„Трите билборди“ освоија вкупно четири глобуси во категориите: најдобар филм – драма,  најдобро сценарио, најдобра актерка и најдобар спореден актер.

Френсис МекДорманд го однесе Златниот глобус за најдобра актерка за нејзината улога на мајка која бара правда за нејзината убиена и сексуално злоупотребена ќерка.

Серијата „Приказната на слугинката“ (Handmaid`s Tale) и мини-серијата „Големи мали лаги“ (Big Little Lies), кои исто така третираат теми за правата на жените и насилството врз нив, исто така освоија награди.

Елизабет Мос, која ја доби наградата за најдобра актерка во телевизиска драма за „Приказната на слугинката“ наградата ја посвети на авторот на книгата по која е направена серијата, Маргарет Етвуд.

Кои беа победниците:

Филмската драма за тероризмот In the Fade (Aus dem Nicht) на германскиот режисер од турско потекло Фатих Акин, доби награда за најдобар филм на странски јазик.

Најдобар драмски филм – „Три плакати вон градот“, најдобра комедија или мјузикл „Lady Bird“, најдобар драмски актер – Гери Олдман, додека најдобра драмска актерка – Франсис МекДорманд .

Џејмс Франко беше прогласен за накдобра актер во комедија или мјузикл во машка категорија, додека Саорис Ронан во женска.

Гиљермо дел Торо е најдобар режисер за „Обликот на водата“, а за најдобро сценарио е прогласено она на Мартин Мекдонаг за „Три плакати вон градот“.

Најдобар спореден актер е Сем Роквел, а најдобар анимиран филм е „Коко и големата тајна“.

Најдобра драмска серија – „Приказната на слугинката“, а најдобра мини-серија е „Големи мали лаги“.

 

Златен Глобус награди
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.