Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Доделување на Оскар 2026: „Една битка по друга“ – најдобар филм

0
By Zoran Ivanov on March 16, 2026 ВЕСТИ, КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, March 16, 2026 10:36

Филмот беше фаворит меѓу прогнозерите и обложувалниците во пресрет на церемонијата.

Мајкл Б. Џордан најдобар актер, а Шон Пен го освои својот трет Оскар за споредна улога

“Грешници” имаше дури 16 номинации – најмногу во историјата на оскарите

Филмот „Една битка по друга“ (One Battle After Another) ја освои наградата за најдобар филм на доделувањето на Оскарите, носејќи му ја долгоочекуваната победа на еден од напознатите режисери на денешницата, Пол Томас Андерсон.

Филмот на „Ворнер Брос“ (Warner Bros. Discovery Inc.), за паднат револуционер кој се обидува да ја спаси својата ќерка од поранешен непријател, беше фаворит меѓу прогнозерите и обложувалниците во пресрет на неделната церемонија.

Филмот содржи впечатливи актерски трансформации, меѓу кои и онаа на Леонардо Ди Каприо, кој игра пензиониран анархист склон кон марихуана, како и на Шон Пен, кој го толкува ликот на воен офицер со расистички ставови за надмоќ на белата раса.. Пен на церемонијата, одржана во театарот „Долби“ во Лос Анџелес, ја освои наградата за најдобра споредна машка улога.

Меѓу претходните филмови на Андерсон се „Ќе има крв“ (There Will Be Blood) од 2007 година и „Буџи најтс“ (Boogie Nights) од 1997 година. Претходно бил номиниран дури 11 пати од Академијата за филмски уметности и науки, но никогаш не освоил Оскар. Оваа година доби и награди за најдобар режисер и најдобро адаптирано сценарио за „Една битка по друга“, кој содржи сцени со војници што чуваат центри за задржување имигранти.

„Овој филм го напишав за моите деца како извинување за нередот што го оставивме во светот што им го предаваме“, рече Андерсон примајќи ја наградата за сценарио. „Но и со надеж дека тие ќе бидат генерацијата што ќе ни донесе малку здрав разум и пристојност.“

Годишната церемонија претставува голема можност Холивуд да се прослави самиот себеси пред голема телевизиска публика, претставувајќи ги најдобрите филмови, најголемите ѕвезди и најистакнатите филмски автори.

Уште еден филм на „Ворнер Брос.“ (Warner Bros.), „Грешници“ (Sinners), имаше дури 16 номинации во пресрет на неделната церемонија — најмногу во историјата на Оскарите. Филмот на режисерот Рајан Куглер нуди уникатно видување на хорор-жанрот, со музички сцени и приказна за расизмот во Мисисипи во 1930-тите. Мајкл Б. Џордан ја освои наградата за најдобар актер за улогата на браќа близнаци во тој филм.

Куглер, кој првпат стекна признание со независниот филм „Фрутвејл стејшн“ (Fruitvale Station), режираше и големи продукции како „Крид“ (Creed) и „Блек пантер“ (Black Panther). На неделната церемонија ја освои наградата за најдобро оригинално сценарио. Отумн Дуралд Аркапау ја освои наградата за најдобра камера за филмот „Грешници“ (Sinners), станувајќи првата жена што ја добила оваа награда. Филмот ја освои и наградата за најдобра музика.

Џеси Бакли го освои Оскарот за најдобра актерка за улогата на сопругата на Вилијам Шекспир во филмот „Хамнет“ (Hamnet) на „Фоку“ (Focus Features).

Филмот на „Нетфликс“ (Netflix Inc.) „К-Поп демон хантерс“ (KPop Demon Hunters) ја освои наградата за најдобар анимиран филм. Овој мјузикл за женска пејачка група која се бори против натприродни непријатели стана најгледаниот филм досега на стриминг-сервисот. Неговиот успех ја поттикна компанијата подоцна да го прикаже и во кината. Песната „Голден“ (Golden) од филмот ја освои наградата за најдобра оригинална песна.

Ејми Медиган ја освои наградата за најдобра споредна актерка за улогата на злобната тетка Гледис во хорор-филмот „Вепонс“ (Weapons) на „Ворнер Брос“ (Warner Bros.). Ова е нејзин прв Оскар, по претходната номинација за филмот „Два пати во животот“ (Twice in a Lifetime) од 1985 година.

Церемонијата беше отворена со видео-сегмент во кој водителот Конан О’Брајен, облечен како ликот на Ејми Медиган, се пробива низ сцени од неколку номинирани филмови.

Во воведниот монолог О’Брајен се пошегува на сметка на вештачката интелигенција: „Почестен сум што сум последниот човечки водител на Оскарите“, рече тој. Се пошегува и на сметка на стриминг-гигантот: „Овде е и директорот на ‘Нетфликс’, Тед Сарандос, и ова му е првпат да оди во кино“, рече О’Брајен.

Сегментот „Ин меморијам“ (In Memoriam), кој им оддава почит на филмските автори починати во изминатата година, вклучуваше почести за актерите и режисери Роб Рајнер и Роберт Редфорд.

Настанот повторно беше емитуван на телевизиската мрежа „Еј-Би-Си“ (ABC) на „Волт Дизни“ (Walt Disney Co.), како и на стриминг-сервисот „Хулу“ (Hulu).

Поради продолжувањето на конфликтот на Блискиот Исток, Оскарите беа одржани под највисоко ниво на безбедност досега, вклучително и полициски безбедносен појас од речиси два километри околу театарот, соопштија официјални лица. Во неделата попладне надвор од тој периметар имаше само неколку демонстранти, кои главно протестираа поради борбите во Газа и војната воопшто.

Политиката исто така навлезе во церемонијата. Актерот Хавиер Бардем изјави „не за војна и слободна Палестина“ пред да ја врачи наградата за најдобар меѓународен филм на норвешкиот филм „Сентиментална вредност“ (Sentimental Value).

Водителот на вечерни емисии Џими Кимел, претставувајќи ги наградите за документарни филмови, рече: „Постојат некои земји чии лидери не ја поддржуваат слободата на говор. Не можам да кажам кои. Да речеме само Северна Кореја и ‘Си-Би-Ес’ (CBS).“

Оваа церемонија беше проследена и со одредени промени. Академијата почна да бара од своите членови да ги погледнат сите номинирани филмови пред да гласаат во одредена категорија. Нова награда, за достигнување во кастинг, беше доделена за првпат. Касандра Кулукундис ја освои за „Една битка по друга“

 

доделени Оскари филм
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
shortcut
ФОКУС
May 14, 2026

Трамп и Ши три пати беа прашани за Тајван – тие прашањето го игнорираа

ВЕСТИ May 14, 2026

Кинескиот претседател Ши Џинпинг го пречека американскиот претседател Доналд Трамп во Пекинг со формална воена…

Иран постави пет услови за нови разговори со САД

May 13, 2026

ЕУ сепак ќе разговара со Путин – се бара посредник засега меѓу Меркел и Макрон

May 11, 2026

Техеран: Иран го отфрли планот на САД – цените на нафтата веднаш скокнаа

May 11, 2026
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.