Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Доктор Тедрос“: Кој е човекот на чело на Светската здравствена организација?

0
By Нова ТВ on April 21, 2020 ВЕСТИ
Фото: voanews.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, April 21, 2020 14:04

Во Етиопија, Тедрос Аданом Гебрејесус го реформира здравствениот систем и многумина го оценија тоа како голем успех. Но, шефот на Светската Здравствена Организација (СЗО) не е без контроверзи, а пандемијата на коронавирусот е неговиот најголем тест досега.

Кој ги читал интервјуата со Тедрос Аданом Габрејесус, веројатно ја знае и оваа приказна. На седумгодишна возраст мораше да ја доживее смртта на неговиот две години помлад брат, кој починал од болест која во земја со функционален здравствен систем можела да се излечи. Но, во неговата родна Етиопија, во тоа време такво нешто немало.

Тој не сакал да прифати дека некој мора да умре „само затоа што бил сиромашен“, како што во тоа време било и неговото семејство. Вака генералниот директор на СЗО често ја објаснува својата заложба за подобра здравствена заштита. Смртта на неговиот брат до ден денес претставува мотив за неговата работа.

Здравствени реформи во Етиопија

Денес 55 годишниот Тедрос зад себе има долга кариера како здравствен експерт. Студирал заразни болести во Велика Британија во 90-те години од минатиот век и докторирал во областа на јавното здравство. Помеѓу 2005 и 2012 година, како министер за здравство на Етиопија, му беше дадена можност да го реформира здравствениот систем на земјата.

За време на тие седум години, во Етиопија беа создадени илјадници нови здравствени центри, беа ангажирани десетици илјади помошници за нега во руралните области, а за прв пат беше воведено и здравствено осигурување. Бројот на медицински факултети се искачи од три на 33, бројот на лекари повремено растеше експоненцијално. Стапката на смртност од болести како што се туберкулоза, маларија и СИДА се намали за 90 проценти.

Исто така, се верува дека Тедрос одиграл клучна улога во подобрувањето на здравјето на мајките и на децата, за што се обврзал уште од 2009 година. Од 2012 до 2016 година, тој беше и министер за надворешни работи на Етиопија.

Контроверзата со колерата

Но, не сите негови сонародници гледаат позитивно на министерскиот мандат на Тедрос во здравствениот сектор. Токму за односот кон епидемиите, поранешниот министер за здравство до денес е соочен со тешки обвинувања. За него се вели дека ја минимизирал опасноста од неколку појави на колера во земјата меѓу 2006 и 2011 година, а со тоа ги одложил неопходните контрамерки.

Лудгер Шадомски, кој како шеф на редакцијата на етиопски јазик во „Дојче веле“ го следеше мандатот на тогашниот министер за здравство, се присетува: „Во нашите интервјуа со етиопските здравствени власти, во негово време секогаш се говореше за „водена дијареа“, иако врз основа на клиничките сознанија со сигурност можеше да се говори за колера“.

Поточно, припадниците на Амхарен и Оромо, кои ги сочинуваат двете најголеми етнички групи во Етиопија и кои беа најпогодени од појавата на колера за време на мандатот на Тедрос, гласно протестираа кога тој беше назначен за генерален директор на СЗО во 2017 година. Тедрос му припаѓа на етничкото малцинство Тигре, кое, иако сочинува само околу шест проценти од етиопското население, долго време доминираше во политиката во земјата.

Активистот за човекови права Касахун Адефрис тогаш за ДВ рече дека е загрижен поради назначувањето на Тедрос: „Додека тој беше министер за здравство, многу луѓе во Етиопија ги загубија животите затоа што тој ги прикриваше епидемиите на колера“, рече Адефрис. „Од моја гледна точка, под голем знак прашалник е да се предложи некој за оваа позиција што направил такви грешки“..

Реформските планови на Тедрос

Конечно, изборот на Тедрос се должеше на големата поддршка која ја доби од делегатите на 55. африкански земји-членки на ОН. Во тоа време, и на социјалните медиуми доминираше радост поради тоа што Африканец за прв пат беше избран за шеф на СЗО.

Експертите говорат за првични успеси на Тедрос во некои од неговите клучни реформски проекти. Така СЗО во меѓувреме, според нив, реагира побрзо и посеопфатно на здравствените кризи – за разлика од реакцијата на епидемијата на ебола во 2013/14 во Западна Африка. Токму тоа беше причината зошто СЗО, предводена од неговата претходничка, Кинеската Маргарет Чан, беше цел на масовни критики.

Конфликт со САД

Сепак, критичарите го обвинуваат Тедрос дека во актуелната пандемија на коронавирусот поради обѕири кон кинеската влада не реагирал доволно енергично на почетокот на појавата на заразата. Со ова образложение, американскиот претседател Доналд Трамп дури и ги запре исплатите на неговата земја за СЗО. Неспорно е дека Тедрос во времете како етиопски функционер, посебно како министер за надворешни работи од 2012 до 2016 година остваруваше блиски контакти со политичкото раководство на Народна Република Кина, а официјална Адис Абеба до денес е близок стратешки партнер на Пекинг.

Конфликтот со американскиот претседател меѓутоа веќе подолго време го придружува шефот на СЗО, Тедрос. Во 2017 година, долго пред да започне пандемијата на коронавирусот, Трамп се закани дека ќе ги намали американските уплати за СЗО. Дури и пред да ја преземе функцијата, Тедрос изјави дека сака да ја прошири донаторската база за да се избегнат финансиски шокови: „Ако што повеќе држави придонесуваат, без разлика во колкава сума, тоа би помогнало“, рече тогаш Тедрос.

Етиопија СЗО Тедрос Аданом Гебрејесус Функција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 19, 2026

Откажани преговорите меѓу САД и Иран – Венс остана во Вашингтон

ВЕСТИ June 19, 2026

Преговорите меѓу САД и Иран за спроведување на клучниот мировен договор, што требаше да се…

Трамп го потпиша мировниот договор со Иран, тврдејќи дека договорот спречува „светска депресија“

June 18, 2026

Блумберг: Договорот меѓу ДСАД и Иран во 14 точки е голем триумф на Иран и Сериозен удар за Израел

June 17, 2026

Европскиот парламент го изгласа извештајот за Македонија – задржан е спорниот дел за историјата

June 17, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.