Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Докуникулци:Преку филм ги разбиваат предрасудите за маргинализираните

0
By Нова ТВ on February 7, 2018 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, February 7, 2018 14:51

Група на млади ентузијасти во рамки на проектот „Докуникулци“ на фестивалот на креативен документарен  филм „МакеДокс“ снимија два документарни филма.

„Докуникулци“ е прв ваков проект на МакеДокс. Проектот се одвива во неколку фази. Првата фаза се одржа во рамки на Патувачкото кино на „МакеДокс“ од 12 до 25 јули во Порече, каде десет млади филмофили од Скопје, Прилеп и Битола  со менторска настава се запознаа со основите на креативната документаристика и вештините на снимањето документарен филм.

За време на Патувачкото кино беше направена презентација на темите (пичинг) на темите кои би се обработувале во документарен филм и селекција на насловите за снимање.

Втората фаза се одржа за време на осмото издание на „МакеДокс“ (19-25 август) во Скопје, каде ’Докуникулци‘ -те беа дел од фестивалската екипа.

Третата фаза од проектот го опфаќа снимањето и пост – продукцијата на два креативни документарни филмови “Поинакви“ и „Поглед во очите“.

Филмовите опфаќаат животни приказни и ситуации за неколку индивидуи видени со очите на млади луѓе. Снимањето на филмовите се одвива под менторство на сениорската екипа на „МакеДокс“.

„Поинакви“е филм за секојдневието на 22 годишно момче од Велес, кое има аутизам.

Филмот е во режија на Розе Симоновска, Леа Димитрова како продуцент, Бисера Атанасова работат камера, за звукот е одговорен Давид Стојановски, додека монтажата ќе биде од страна на Петар Крстевски.

„Документарецот е супер алатка која доколку се искористи правилно,може на силен начин да ја пренесе пораката што сакаш да ја кажеш,така што во случај на некој поголем успех на овој филм,би биле отворени и картите за промена на менталитетот “, вели Петар Крстевски.

Тие сметаат дека луѓето со аутизам се маргинализирана група поради самиот факт што луѓето околу нив, пробувајќи да не ги навредат или да ги гледаат поразлично, имаат различен однос кон нив, поради што и самите се чувстваат одвоено, токму поради тој посебен третман.

 

Вториот документарен филм кој беше снимен во рамки на проектот “ Докуникулци“ е “Поглед во очите“ во режија на Јоана Арсовска, Матеа Козовски и Стефан Божиновски камера, тонец е Давид Стојановски и продукција Севдалина Дамевска.Во овој документарец  режисерката на истиот, храбро зборува за сексуалното насилство и за своето лично искуство.

„Луѓето ме осудуваа, ми се смееја и ме нарекуваа со секакви погрдни имиња. Се обидуваа да ми наметнат чувство на вина. Тешко е да живееш со таков товар кога имаш само 13 години“, вели режисерката.

Тоа е приказна која многумина тинејџери секојдневно ја живеат, но немаат храброст гласно да зборуваат за она што им се случило. Најтешко било да се најде личност која ќе зборува за својата „траума“, затоа што луѓето кај нас се плашат од реакциите на околината во која што живеат. Пораката која сакаат да ја пренесат оваа група на млади луѓе е дека жртвите на сексуално насилство не треба да се срамат од тоа што им се случило и треба да најдат начин како да продолжат понатаму со својот живот без притоа да си ја префлаат вината себе си.

„Докуникулци“ во моментов го монтираат и прават постпродукцијата на снимениот материјал.

Премиерата на документарните филмови ќе биде на следното фестивалско издание на „МакеДокс“ оваа  година.

документарен филм Докуникулци Македокос Поглед во очите Поинакви
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.