Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ДОМ, ЛДП и БЕСА остануваат во владината коалиција

0
By НОВА ТВ on October 20, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Гласачите сами да проценат за кого ќе гласаат во вториот круг на локалните избори.

Движењето „Одлучно за промени” составено од ДОМ и ЛДП останува во владината коалиција. Оттаму соопштуваат дека остануваат во владината коалиција, но најавуваат дека по вториот круг од локалните избори, ќе се размислува за промени.

– Сериозно ќе разговараме со нашите политички партии да се смени нешто во начинот на владеење. За вториот круг сметаме дека нашите гласачи се доволно интелигентни и не треба да ги насочуваме за кого да го дадат гласот, порачаа лидерката на ДОМ, Маја Морачанин од Движењето „Одлучно за промени”.

Морачанин денеска ги демантираше шпекулациите дека се во преговори за ново парламентарно мнозинство. Посочи дека сето она што граѓаните им го кажаа и во кампања и пред кампања и на самиот изборниот ден, е она што мора понатаму да се преточи во реализација, и да продолжи државата да оди напред по еден прогресивен европски пат.

Лидерот на ЛДП, Горан Милевски истакна дека добиените 30 илјади гласови не смеат да ги изневерат. И тој потврди дека остануваат во владината коалиција, бидјеќи според него, Владата има сериозни предизвици во започнување на разговорите со ЕУ, и смета дека е несериозно да се наруши тој пат.

– Според нашите сознанија од нашите парнтери од Брисел, очекуваме позитивна одлука и деблокирање на процесот на европските интеграции. Мислам дека нема логика Владата да се нарушува, но повторно ние гласот на граѓаните сериозно ќе го послушаме. Како ЛДП и како ДОМ сериозно ќе разговараме со нашите партнери за продолжување на соработката, рече Милевски.

Од владиниот коалиционен партнер на СДСМ, партијата Беса, со која раководи Биљаљ Касами, а во вториот круг во Тетово негов против кандидат е Теута Арифи од ДУИ, другиот владин коалициски партнер, соопштија дека владиното мнозинство е стабилно.

– Воедно сакаме да ја информираме пошироката јавност дека владината коалиција е стабилна без разлика дека на многу места во вториот круг се натпреваруваме меѓу себе, наведуваат од Беса.

Беса ДОМ ЛДП
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.