Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ДОМ : Наместо прогон, пристап до медицинскиот канабис за болните

0
By Нова ТВ on July 30, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, July 30, 2016 14:06

Партијата ДОМ апелира до институциите за прогон да не се занимаваат со гонење на граѓани  кои за свое лекување или за лекување на други болни лица бараат начин како да дојдат до медицински канабис.

-Сметаме дека неправедно се малтретираат луѓе како Филип Достановски од организацјата за медицински канабис ,, Зелена алтернатива”.

Наместо прогон потребен е по брз и поефтин пристап до медицинскиот канабис за болните лица.Тоа значи дека е потребно  да се либерализира целата постапка  за производство на овие препарати, се разбира, со конрола од државата. Но мора да се обезбеди пониска цена за лекот, по можност од домашно производство.  ДОМ го поддржа легализирањето на употребата на медицински канабис и поднесе редица амандмани  за поголема достапност за болните по пониски цени. Тогаш беа одбиени амандманите  но време е да се преиспита законот и во него да се интервенира, се вели во партиското соопштение.

Реакцијата на ДОМ следува откако во четвртокот полицијата го приведе, а по неколку часа и го ослободи активистот на Зелена Алтернатива и поборник за легализација на марихуаната во медицински цели, Филип Достовски.

 „Бев во полиција од седум до 12 часот и полицајците беа коректни. Дома беше извршен претрес во кој беше најдена количина на марихуана дадена од болни пациенти за правење масло од канабис, како и див коноп кој се користи за ЦБД масла и за епилепсија. Откако заврши испрашувањето, пуштен сум  да се бранам од слобода“, изјави Достовски за НОВА.

Тој не крие дека прави масло од канабис за пациенти кои се болни од рак и дека понекогаш кај него луѓето доаѓаат со марихуана за да ја оцени дали е доволно добра за да се создаде масло.

Во Македонија беше донесен Законот за употреба на масло од канабис во медицински цели, по што дозвола за негово производство доби фармацевтската компанија Реплек. Но, маслото за медицински цели кое содржи ТХЦ, се уште не е почнато да се произведува и го нема во аптеките.

Во моментот, во аптеките може да се најде само масло кое нема ТХЦ и е дополнување на конвенционалната терапија. Во таква ситуација, пациентите се уште се снаоѓаат и го купуваат маслото на црно.

ДОМ канабис
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026
shortcut
ФОКУС
June 6, 2026

Кочани: 45-ти Марш за Ангелите: „За вистината да не остане без глас и правдата да не остане без крај“

ВЕСТИ June 6, 2026

За вистината да не остане без глас и правдата да не остане без крај –…

Прилеп: Отворено 60-тото издание на фестивалот „Војдан Чернодрински“

June 6, 2026

Радев: Македонија треба само да ги впише Бугарите во Устав / Мерц: Пропустите не се само кај кандидатите туку и во ЕУ

June 5, 2026

ЕУ реформа во најава: Француско – германски Нон пејпр за ЕУ етапна интеграција на државите од Западен Балкан

June 5, 2026
ТИКЕР

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.