Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Домаќинствата од 1 јули ќе плаќаат до 15 посто пониски сметки за струја, тврди Бислимоски од РКЕ

0
By Соња Крамарска on June 27, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Кој троши помаку, ќе плаќа помалку, кој троши повеќе ќе троши повеќе – порача денес претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски, во пресрет на новиот тарифник за плаќање на електричната енергија кој треба да стартува во петок 1 јули.

Бислимоски вели дека новите тарифни блокови се еден вид концепт како што беше персоналниот данок, односно кој има поголеми приходи плаќа повеќе данок, кој има помали ќе плаќа помалку. Ефтината тарифа продолжува како и досега од 22 часот до 07 часот наутро, и недела, при што кај ефтината тарифа нема ни да важат блоковите кои се воведуваат со новиот тарифник.

Граѓаните на своите сметки ќе имаат посебно цена за потрошената електрична енергија и како новина посебно цена за користење на дистрибутивна и преносната мрежа на електродистрибутивниот систем, што ќе биде дел од целата структура на сметката за електрична енергија.

Пресметките се, како што уверува РКЕ, дека дисциплинираните домаќинства со новиот тарифник од 1 јули, ќе плаќаат за 15 до 12 проценти пониски сметки за електрична енергија. Тие влегуваат во таканаречениот прв блок на потрошувачка кој е лимитиран на 210 киловатчасови месечно. Вториот блок изнесува од 210 до 630 киловатчасови месечна потрошувачка, третиот од 630 до 1050 киловатчасови, а над оваа потрошувачка е четвртиот блок каде што сметките се доста зголемени. Ефтината тарифа е надвор од тие блокови.

Зимно време околу 98 посто од домаќинствата ќе бидат во третиот блок. Во зима сите што ќе влезат во четвртиот блок а тоа се потрошувачи што греат неколку стотини квадрати станбен простор, фирми што се занимваат со рударство и генерално големи потрошувачи на електрична енергија, ќе имаат 70 проценти повисоки сметки.

Односно се тврди дека 99 проценти од потрошувачите треба да имаат помали сметки од 15 до 6 проценти во однос на сегашните сметки пред воведувањето на новиот тарифник.

Значи во првите три блока ќе се плаќаат пониски сметки, а во четвртиот повисоки.

Во однос на струјомерите ќе се користат истите струјомери. Новиот тарифник, рече Бислимоски, е направен така да го стимулира ЕВН да ги чита струјомерите еднаш месечно бидејќи секое одлагање на подолго од 30 дена, го остава потрошувачот во првиот и најефтин блок, што е на штета на ЕВН. (С.К.)

Марко Бислимоски нов тарифник РКЕ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.