Лаура Далмаер е првата спортистка со два златни медала на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг. По неделната победа во спринтот на 7,5 километри, германската биатлонка триумфира и во т.н. потера на 10 километри. Резултатот што притоа го оствари е 30:35,3 минути, а убедливата предност што ја имаше во однос на најблиските конкурентки ѝ дозволи да посегне по германското знаме од навивач крај патеката и со него да мине низ целната линија.

Сребрениот медал го освои Анастасија Кузмина од Словачка со време 31:04,7 минути, бронзениот заврши на градите на Французинката Ана Бескон (31:04,9 минути).