Откако Мадона ја почести публиката во Вашингтон на Женскиот марш за човекови права со жесток говор, споменувајќи како со новиот претседател на САД има желба да ја крене во воздух Белата Куќа, Доналд Трамп не и’ остана должен.

Како и што можеше да се очекува, новиот лидер на САД, не успеа да го скроти својот темперамент и јазик кога го коментираше говорот на поедини американски ѕвезди на маршот.

Најтешко му паднале зборовите на Мадона, бидејќи како што вели, отишла предалеку.

https://www.youtube.com/watch?v=MQ6_CDhp7BE

Познат по краткиот фитил, Трамп повторно тешко го контролираше коректниот однос, па за Мадона рече низа навреди.

„Искрено, таа е одвратна. Си наштети најмногу самата на себе си. И други имаат испади таму, но таа беше најдолна. Ја осрамоти нашата земја.“, изјави Трамп.

Но, и Мадона како него, не се „стегаше“ премногу во својата пристојност при говорот.

„Ова е наша борба за слобода, за да бидеме тоа што сме, да бидеме еднакви. Да маршираме заедно низ овој мрак и нека секој наш чекор покажува дека не се плашиме, дека не сме сами, дека не можат да не скршат. Ми помина грозна мисла низ главата – Белата Куќа да ја кренам во воздух“, рече Мадона.

https://www.youtube.com/watch?v=oKhVp–feJk