Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Донаторите и земјите од Западен Балкан на координација во Брисел

0
By Нова ТВ on March 13, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, March 13, 2018 12:46

Координација на донаторите за Западен Балкан се одржува денеска во Брисел под покривителство на Регионалниот совет за соработка (РСС), на која се присутни сите поважни учесници во економскиот развој на регионот, вклучувајќи ги и претставниците на земјите, меѓу кои и Македонија.

„Состанокот претставува одлична можност земјите приматели на помош и донаторите да разменат информации за актуелните потреби, за недостатоците и можностите за финансирање, се со цел да се завршат преземените обврски и задачи“, изјави на отворањето генералниот секретар на РСС Горан Свилановиќ.

Тој додаде дека земјите од Западен Балкан се целосно посветени на спроведување на Стратегијата Југоисточна Европа 2020 и Повеќегодишниот акционен план за остварување на Регионалниот економски простор.

Колин Волф, шефот на одделот за регионална соработка и програми за Западен Балкан при Генералната дирекција за политиката на добрососедство и проширување на Европската комисија, ја подвлече важноста од регионалната соработка која се одвива и под покровителство на РСС.

„Треба да се искористи моментот што е создаден за Западен Балкан со најновата стратегија на ЕУ за перспективите за проширување. Регионот треба да покаже дека може да работи заеднички за остварување на значителни резултати“, изјави Волф.

 Координативниот состанок на донаторите се одржува само еден ден откако е потврден програмскиот документ од стратегијата за ЈИЕ 2020 за периодот 2018-2020 година.

На состанокот присуствуваат сите заинтересирани страни и корисници од регионот кои се вклучени во спроведувањето на Стратегијата ЈИЕ 2020, главните донаторски организации, билатералните донатори и други меѓународни финансиски организации и институции, соопшти РСС.

Западен Балкан координација РСС Свилановиќ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.