Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Донаторска за Сирија: УНХЦР бара 5,6 милијарди долари за бегалците

0
By Нова ТВ on April 25, 2018 СВЕТ
Архива
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, April 25, 2018 09:55

Цивилите веќе не ќе можат да бегаат од судирите и бомбардирањата во Сирија, бидејќи границите се строго контролирани, а соседните држави се преполни со бегалци, изјави високиот комесар на Обединети нации за бегалци, Филипо Гранди.

Тој се надева дека оваа година ќе се соберат 5, 6 милијарди долари од меѓународните донатори за итна хуманитарна помош за сириските бегалци, но напомена дека тие пари не се наменети за самата Сирија, туку за државите, кои им даваат засолниште на сириските бегалци, како што се Јордан, Ирак, Египет и Либан.

Гранди предупредува на нова катастрофа доколку сирискиот град Идлиб, кој е под контрола на бунтовниците, биде следната мета на сириската војска.

– Таа земја станува замка, на поединечни места замка на смртта за цивили, изјави Гранди на донаторската конференција за Сирија.

Според него, станува збор за едно од најлошите страдања во модерната историја.

Околу 5,5 милиони Сиријци живеат како бегалци во Ирак, во Јордан, во Либан и во Турција, а сега сочинуваат околу една четвртина од либанската популација.

Уште 6,1 милион лица и натаму се наоѓаат во Сирија, но се принудени да ги напуштат своите домови.

Обединетите нации проценуваат дека повеќе од 400.000 цивили се заглавени во зоните под опсада ширум Сирија.

Се претпоставува дека таа бројка може драстично да се зголеми, бидејќи два милиона луѓе живеат во регионот на североисточниот регион на Идлиб, најнаселена област во Сирија, која е во рацете на бунтовниците кои се борат против Владата на сирискиот претседател Башар ал нАсад во Дамаск.

Гранди и други хуманитарни агенции предупредуваат дека сириските бегалци веќе нема да имаат каде да бегаат, бидејќи турската јужна граница со Сирија кај Газиантепе е под строга контрола, и тука најчесто се пропуштаат конвои со хуманитарна помош за Идлиб, но бегалци се враќаат.

– Мислам дека ќе изгубиме не само една генерација, туку целата популација, заклучи Гранди.

бегалци донаторска конференција Сирија УНХЦР
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.