Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Доживотен затвор за обвинетата од Дебар која ги уби родителите и сестра и

0
By Нова ТВ on May 6, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Oбвинетата Б.П. од Дебар, која на 26 август 2018 година во семејната куќа ги уби родителите и малолетната сестра, е осудена на доживотна затворска казна. Пресудата за тројното убиство ја донесе Основниот суд во Гостивар.

Еден од обвинетите кој и помагал на обвинетата е осуден на 10 години затвор, а за другиот обвинет е изменето кривичното дело и по одлука на судот, постапката за него ќе продолжи за сторено кривично дело – неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи.

Гостиварското обвинителство е незадоволно од одлуката на судот за двајцата обвинети кои го помагале извршувањето на убиството и се најавува жалба на пресудата.

Доживотната казна затвор за сега осудената Б.П. доаѓа по сеопфатната истражна постапка во која Обвинителството обезбеди докази со кои во текот на судењето докажа дека таа во семејната куќа во Дебар, пукајќи од непосредна близина со пиштол со калибар 7,65 мм. најпрво ги лишила од живот сопствените родители, а потоа и малолетната сестра.

Еден ден пред извршување на кривичното дело, осудената телефонски контактирала со второосудениот и се сретнала со него во Гостивар. Тој изнајмил возило и заедно се упатиле кон Дебар за да набават оружје. Истиот ден, во близина на градската болница во Дебар, се сретнале со третообвинетиот, кој им обезбедил пиштол и рамка со пет куршуми.

По извршување на кривичното дело, осудената се упатила во Струга, каде се сретнала со второосудениот и му ги дала клучевите од изнајменото возило да го врати во Гостивар, по што таа со такси отишла на аеродромот во Скопје од каде со авион заминала за Италија.

Дебар доживотен затвор Македонија пресуда Тројно убиство
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.