Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ДС бара влада без политички багаж и нуди решенија за кризата

0
By Нова ТВ on May 3, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, May 3, 2016 13:26

Демократскиот сојуз бара „сите одговорни луѓе да седнат на маса и утврдат Платформа за излез од кризата која го блокира целокупниот систем, евроинтеграциските процеси, создава економска нестабилност и го нарушува нормалното одвивање на животот“, наместо да се чека помош од меѓународната заедница.

Предлогот на ДС е свикување на седница на Парламентот и одложување на изборите, со што ќе се создадат услови за избор на експертска Влада која нема да биде политичка.

„Мандаторот да биде кандидат со високи професионални и демократски капацитет, без партиски багаж, кој ќе има слобода  да го формира Владиниот кабинет од професионалци, а министрите самостојно  да ги формираат своите тимови (државни секретари, помошници, директори итн.). Експертската Влада да има мандат да ги разреши круцијалните прашања:

Воспоставување на уставни механизми (промени на Уставот) и гаранции дека никогаш повеќе не ќе може да се етаблира авторитарна власт каква што денес имаме и која е основна причина за кризата. Никогаш да не се повтори еден човек – една партија – една власт.

Обезбедување на основни предуслови за утврдување на политичка и кривичноправна одговорност за сите што со злоупотреба на довербата на граѓаните ја вовлекоа Македонија во длабока криза, ја ограбија и предизвикаа иселување на креативните и стручни кадри, а резултат од таквата политика се повеќе испразнети градови.

Реформа на судскиот систем преку рекомпонирање на Судскиот совет и реизбор на судиите и формирање на Судски Оддел кој ќе постапува по обвиненија на СЈО.

Реформи на безбедносниот систем и деблокада на институциите со јасна одговорност за тие што ќе ги кочат реформите, како и целосна деполитизација и департизација на државните институции и администрацијата.

Реформи во медиумите и утврдување на правила за објективно, избалансирано и правично информирање.

Реформи во изборните правила. Македонија да биде една изборна единица, како основа за демонтажа на еднопартискиот систем.

Целосна деблокада на евроатланските процеси, преку спроведување на препораките на ЕУ и заклучоците од експертскиот Извештај на Прибе.

Обезбедување на економска стабилност и создавање на амбиент за нови инвестиции, работни места и запирање на процесот на иселување на креативните кадри во странство.

Прифаќање на бројните идеи од граѓанскиот сектор, кој прераснува во движечка сила на промените и правдата во Македонија“, е предлогот на партијата.

Демократскиот сојуз повикува на политички дијалог во кој ќе бидат вклучени сите релевантни партии, граѓанскиот сектор, експертите, како и медиумите. Од претседателот Иванов бараат да ја повлече аболицијата за креаторите на кризата и да влијае на смирување на состојбите.

ДС и натаму ги поддржува протестите, за кои апелира дека и понатаму треба да бидат мирни.

Влада Демократски сојуз Меѓународна заедница Павле Трајанов политичка криза
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
ФОКУС
January 27, 2026

Трендафилов: Утре на протест за платите – не им се плашете, никому ништо не должите, должите само достоинствен живот на семејството

ВЕСТИ January 27, 2026

28 јануари е денот кога работниците зборуваат, овој протест е за вашите плати кои не…

Историски највисока цена на златото – достигна над 5.000 долари за унца

January 26, 2026

Минеаполис: Растат тензиите откако Федерални агенти убија уште едно лице

January 25, 2026

Казните од Сејф Сити – од 20 до 400 евра

January 25, 2026
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.