Политичката партија БЕСА е во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ за локалните избори и има блиска соработка помеѓу овие две идеолошки блиски и меѓусебно координирани партии, тврдат од ДУИ.
-Кандидатите на БЕСА се сликаа на прослава со Јохан Тарчуловски осуден од Хаг за воени злосторства против Албанците, додека Зеќирија Ибрахими и Билал Касами гласаа за верификација на мандатот во Собранието. Обидувајќи се да се ослободи од скандалот со коалицијата на ВМРО, непринципиелните и антиалбански договори, негласањето на албанскиот претседател на Собранието, не гласањето на реформската влада, поттикнувањето на инцидентот на 27. април, а потоа и напуштањето на Собранието, сакајќи да го оправдува неуспехот и поразот, БЕСА и нивните мал број медиумски мегафони клеветат на бескрупулозен и нечовечки начин, се вели во соопштението од ДУИ.