Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ДУИ кампањата ја заврши во Гостивар

0
By НОВА ТВ on October 15, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

ДУИ изборната кампања за локалните избори ја заврши со митинг во Гостивар, каде го претстави кандидатот за градоначалник на оваа општина Невзат Бејта и Листата на советници предводена од Африм Аручи.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, пред присутните рече дека Гостивар го заслужува подоброто. Тој побара поддршка за кандидатот на ДУИ за градоначалник на Гостивар, Невзат Бејта и листата на советници предводена од Африм Аручи.

– Дојдов денес пред вас да го повикам секој граѓанин на Гостивар, бидејќи нашата агенда е европска, а таа е иднината. Нашата платформа е здравје кое го одржува животот, затоа поддршката нека биде безрезервна. Ги повикувам сите дека нема да ги посрамиме….Сега имаме нова мисија, со мисионери и никогаш нема да се срамите и жалите за поддршката што ќе му ја дадете на Невзат Бејта, бидејќи знам дека тој е подготвен и ќе му даде на градот соодветниот сјај, реќе Ахмети.

Талат Џафери од ДУИ, рече дека во оваа изборна кампања ДУИ, од Липково до Струга пред гласачите има претставено квалитетна програма.

– Денес сме пред вас да ве повикаме, и заедно да оцениме што е направено, а што не е направено во овие 4 години. Кога сум сега на овие теми, станува збор за она што се памти во 2005-2009 година, за чистење на центарот што беше претворен во центар на злото. Мора да гласиме за број 3 задутре, денот на нашата победничка недела, рече Џафери.

Артан Груби од ДУИ за време на својот говор пред жителите на Гостивар рече дека Гостивар не е град што треба да го води некомпетентен човек без волја да продолжи понатаму. Сите барања што ќе дојдат од кандидатот на ДУИ за градоначалник на Гостивар, г. Невзат Бејта и советниците кои овој пат се најдобри, ќе бидат поддржани 100% од целата Влада.

– Сите овие години во политиката, сретнав многу луѓе со различни верувања, но никаде не дојде некој да го сретнем за да го сака Гостивар повеќе од Невзат Бејта. Невзат живее и се жртвува за Гостивар. На 17 октомври кога ќе одите да гласате, не оставајте никого дома. Кога ќе го заокружите број 3, знајте дека тоа го правите за Али Ахмети, гласот во Гостивар е глас за Али Ахмети, рече Груби.

Кандидатот за градоначалник Невзат Бејта им порача на граѓаните дека се кандидира за сите граѓани, со искрени намери.

– Јас не се кандидирам за мојата кариера, јас се кандидирам за граѓаните, за сите граѓани, без разлика дали сте Албанци, Македонци, Турци или Роми. Верувам дека сите ние сме браќа и сестри овде во Гостивар и дека живееме во меѓусебна почит кон нашата историја, традиции и култура. Овие се локални избори, овие избори се за изградба на подобро место за живеење за сите нас. Заедно, а не разделени, нагласи Бејта.

ДУИ избори кампања
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.