Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ДУИ утре ќе одлучи дали ќе коалицира со ВМРО-ДПМНЕ

3
By Сашка Цветковска on January 26, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, January 26, 2017 12:38

ДУИ е неединствена по прашањето за коалиција со Груевски. Таборот на Ахмети не сака да го менува Груевски, додека таборот на потпретседателите може да биде голема пречка во остварувањето на амбициите на долгогодишните коалициски партнери повторно да прават влада. 

Утре вечер, кога треба да се состане Централното претседателство на Демократската унија за интеграција (ДУИ), партијата ќе одлучи дали ќе коалицира со ВМРО-ДПМНЕ, дознава НОВА. На ова ќе му претходи состанок на потпретседателството на ДУИ кој што ќе се одржи денеска во Мала Речица во седиштето на ДУИ. Извори за НОВАТВ во партијата велат дека се очекува потпретседателите да останат на своите претходни ставови – дека не смее да се случи коалиција со Груевски.

Потпретседателите на ДУИ Теута Арифи, Невзат Бејта, Изет Меџити и Садула Дураку во изминатиот период отидоа контра желбата на лидерот Али Ахмети којшто има поддршка од Муса Џафери, Бујар Османи и Абдилаќим Адеми. Ахмети и неговата група во јавноста дури и зборуваа дека Мајскиот договор ги обврзувал да коалицираат со партијата која добила најмногу мандати на изборите. Експертите и познавачите на овие документи, меѓу кои и странски дипломати, ова го толкуваа како обид да Ахмети да ја оправда евентуалната влада со Груевски потенцирајќи дека такво нешто нема во тој договор.

Во ДУИ е неизвесно како ќе се одлучи утре со оглед на тоа што Ахмети не само што се соочува со бунт на потпретседателите, туку и притисок доаѓал и од тројца од нивните новоизбрани пратеници во Собранието, кои што, според написите во повеќе медиуми се заканиле дека нема да го гласаат изборот на таа влада.

Некои од високите функционери на ДУИ своите ставови ги соопштуваа во неформални разговори со новинарите, но имаше и такви кои јавно се противеа на коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ, како градоначалникот на Гостивар и потпретседател на ДУИ, Невзат Бејта.

„Не сум сретнал ниеден Албанец кој се залага за коалиција со Груевски и ВМРО“, изјави Бејта неодамна, навестувајќи го неединството во ДУИ и силните притисоци врз Али Ахмети. На ова Груевски возврати дека Бејта му се восхитувал и дека тие двајца одлично соработувале, за по неколку дена кај Бејта да биде испратена финансиска полиција. Бејта обвини дека на тој начин врз него се врши притисок за да ги прифати

Три дена пред истекот на законскиот рок, 29 јануари, кога мандатарот Никола Груевски треба да соопшти дали има мнозинство во парламентот, јавноста се уште нема релевантни информации за тоа како течат преговорите и кои ветувања се во игра. Овие преговори веќе го носат предзнакот најнеизвесни, но и најнетранспарентни со оглед на тоа што јавноста е комлетно исклучена.

ВМРО-ДПМНЕ ДУИ Избори 2016
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.