Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ДВ: Загадувањето во Македонија во 2015 однело 1.469 животни години

0
By Нова ТВ on November 26, 2018 КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, November 26, 2018 14:42

Македонија е најзагадена земја во Европа, јавуваат денеска македонските медиуми повикувајќи се на информација објавена од „Јуроњуз“ во која се цитира извештај на Европската агенција за животна средина. Според тие податоци, Македонија навистина била најзагадена земја на стариот континент но во периодот 2015-2016 година, од кои се земени податоците. Што сепак не значи дека денес состојбата е многу подобра.

Извештајот на Европската агенција констатира дека Македонија, заедно со Косово, Србија, Бугарија и Унгарија, има највисока стапка на смртност на 100 илјади жители како резултат на загадувањето со ПМ2,5 честички. Во Македонија стапката на смртност во 2015 година изнесувала, на европско ниво, убедливо највисоки 28,7 на 100 илјади граѓани. За споредба, стапката на ниво на ЕУ членките е 13,9. Според статистиките на ЕУ, тоа значи дека во Македонија биле загубени 1.469 животни години поради загаденоста во 2015.

Каква е состојбата денес?

Заменикот-министер за животна средина Јани Макрадули за Дојче Веле тврди дека е подобрена, иако има уште многу работа.

„Се работи за податоци од стар извештај. Во меѓувреме има намалување на загадувањето според нашите мерни станици, а тоа намалување се должи на зголеменото чистење и зачестените инспекции“.

Макрадули потсетува дека Владата минатата недела донела стратешка програма „План за чист воздух“ и дека борбата против загадувањето за првпат се воведува како стратешки приоритет.

Во програмата и Владата признава дека Македонија е најлошо рангирана меѓу сите европски држави, со најзагаден воздух во градовите.

Со планот се предвидува намалување на загадувањето во Скопје за 50 проценти до 2020 година, а во другите градови за 30 до 50 проценти.

Загадувањето во Скопје го предизвикуваат и големи и мали загадувачи

Состојбата во главниот град е критична, речиси, преку целата година. Макрадули вели дека во моментов, покачените вредности кои ги покажуваат трите мерни станици во Скопје- Центар, Карпош и Ректорат- се резултат на градежни активности во тие делови од градот и на несоодветниот третман на градежниот отпад.

Засега, греењето во домаќинствата има ниско учество во загадувањето со ПМ честичките, со исклучок на Лисиче, додека транспортот учествува со само 4 отсто во загадувањето на воздухот со ПМ честички во Скопје.

ЕЕА Загадување Макрадули
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.