Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Два препарата против Ковид: Американски „Ремдесивир“ контра руски „Авифавир“

0
By Нова ТВ on August 6, 2020 ВЕСТИ
Фото: dw.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Постигнавме добар успех. Лекот е веќе доставен во 15 земји“, изјави неодамна Кирил Димитриев, раководител на Рускиот фонд за директни инвестиции (РДИФ) за руската телевизија.

Сега фактички постојат само два антивирусни препарата кои се доставени во ограничен број на земји – американскиот „Ремдесивир“ и рускиот „Авифавир“.

„САД купија 90 отсто од „Ремдесивир“. Оттука, не нè’ чуди што 15 земји го купуваат нашиот лек“, вели Димитриев. Меѓу другите, има седум земји од Латинска Америка и Јужноафриканската Република.

Руските власти на крајот на мај дадоа дозвола за лек со име „Фавипиравир“. Тој е резултат на заедничката работа на РДИФ и фирмата „Кимрар“ од рускиот град Химки. Составот се базира врз јапонски лек против грип со исто име – Фавипиравир, кој е познат под трговската марка „Авиган“.

Во Русија јапонскиот лек е „малку модифициран“, објасни Димитриев на средба со рускиот претседател Владимир Путин. Во јуни, руските клиники првпат го добија препаратот против Ковид-19 произведен во Русија под трговското име „Авифавир“. Тој во медиумите е опишан како „руски лек против коронавирусот“.

Рецепт од Јапонија

„Фавипиравир“ (Авиган) доби дозвола во Јапонија во 2014 година како средство против грип, но со ограничувања. Примената е дозволена кога се работи за нови вируси на грип, но и во случаи каде други лекови веќе не делуваат, значи како последно средство.

Западните медиуми јавуваат дека постапката за добивање дозвола била тешка и траела три години, поради тоа што како несакан ефект се јавувале и аномалии кај новороденчиња. Затоа бремените жени и оние кои дојат, не смеат да го земаат лекот.

„Фавипиравир“ блокира размножување на низа вируси. Меѓу другото, се употребуваше и против ебола вирусот во Африка. Медицинарите го опишуваат и како јапонска верзија на „Ремдесивир“, лек против ебола регистриран во САД, кој важи за надежен и во третманот на болни од Ковид-19.

Пред коронавирусот, „Авиган“ во Јапонија не беше конкуренција за другите средства против грип. Лекот го немаше во слободна употреба, туку по налог на владата беше произведуван само како резервно средство во случај на пандемија. Од февруари во 2020 година тој во јапонските клиники се употребува за третман на пациенти со коронавирус. Јапонските медиуми тврдат дека лекот делува добро кога се работи за благ тек на болеста. Во тешките случаи, како што се вели, речиси и да немал дејство.

Германија купува резерви

Јапонија ни оддалеку не е единствената земја во која против короната се употребува „Авиган“. Отприлика 40 земји, вклучително и Германија, од април годинава во клинички студии го употребуваат овој лек, заедно со други надежни лекови против Ковид-19.

Министерството за здравство на прашање на „Дојче Вече“ соопштува дека се купени околу 260.000 таблети „Авиган“ за третман на тешки болни од Ковид-19 во случај на нов корона-бран.

„Фавипиравир“ се произведува и во Кина и се применува против коронавирусот во клинички студии. Германскиот виролог Кристијан Дростен од берлинската клиника „Шарите“ укажува дека на пациентите им е дадена „енормна концентрација на супстанцијата“. Истовремено тој предупредува од несакани дејства, кои упатуваат на акутен проблем со бубрезите. Оттука, под знак прашалник е долгорочна примена на лекот.

Претпазлив оптимизам

„Фавипиравир“ ветува во борбата против Ковид-19 и може да се спореди со „Ремдесивир“, оценува Хелмут Хан, претседател на германско-рускиот форум „Кох-Мечников“.

„Добро е што има средство, но нема формален доказ за неговата ефикасност според нашите критериуми“, нагласува Хан.

Според Хан, лек со ваква супстанција во Германија сè уште не може целосно да се применува, поради тоа што не постојат опсежни научни податоци.

„Разбирливо е доколку Русија веќе сега го употребува ова средство за лекување на голем број пациенти“, вели Хан.

Тој тоа го објаснува со големиот обем на проблемот со короната во Русија и неопходните мерки кои мора да се преземат. Освен тоа, во Русија, „контролите и прописите“ не се толку строги како во Германија, нагласува тој. Тоа важи како за клиничките студии, така и за давањето дозвола за лекови. „Но, тоа не значи дека едното е подобро од другото“, додава Хан.

„Авифавир“ Ковид-19 лек Ремдесивир Русија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.