Две лица се убиени, а тројца се повредени во напад со нож во холандскиот град Мастрихт вчера вечер, соопшти полицијата.

Според полицијата, се работи за два напади со нож на само неколку стотина метри раздалеченост, во станбена населба во северниот дел на Мастрихт, која граничи со Германија и Белгија.

Локалните медиуми објавија дека соседите велат дека биле изненадени од силно викање.

Полицијата на Твитер објави дека според нивните истраги не се работи за терористички мотивирани напади.

Едно лице е уапсено.

-Истрагите покажаа дека нема причина да се сомневаме дека овие инциденти се терористички мотивирани. Полицијата сé уште ги истражува овие инциденти, се вели во објавата.